15.12.2021
Како безбедно да пренесуваме и складираме профили, суви смеси и аксесоари?
Дознајте ги основните препораки како правилно и безбедно да складирате профили, суви смеси и аксесоари на градилиште.
При пренесувањето на сноповите профили за сува градба се препорачува да се врши по можност од двајца. На тој начин се овозможува помалку оптеретување и полесна координација на товарот. Дозволено е пренесување на еден сноп со профили од еден човек, но тогаш треба да се користи техниката која е демонстрирана во видеото, каде тежината се пренесува на нозете и се пази на ‘рбетот.
Вреќите со суви смеси треба да се пренесуваат по една од еден човек. Подредете ги вреќите врз дрвена палета или сува и рамна површина, оддалечени од влажен под или ѕид. Високата променлива влажност во просториите на складирање може да доведе до промена при времето на врзување или образување на грутки во конзистенцијата на сувите гипсени смеси.
Поради помалите тежини на кутиите со аксесоари, може неколку од нив да бидат пренесувани од еден човек.
Складирањето на сите производи за сува градба треба секогаш да е во покриени простории, врз сува и рамна површина, оддалечени од интензивен сообраќај.
Погледнете ги сите препораки во специјалното наше видео: