link to homepage logo

17.11.2021

Опшивка на спуштен плафон C2-2

Денес ви даваме повеќе информации за тоа како да монтирате двослојна опшивка од гипс-картонски плочи врз конструкција на спуштен плафон на две нивоа Technogips Pro C2-2. 

Производи и алати кои се потребни:  

Тука се чекорите кои ги следевме: 

Монтажата на првиот слој започнува од средината на плафонот, кога ободните ѕидови се нерамни. Кај прави ѕидови може да се започне од едниот агол на просторијата и да продолжува кон центарот.

За полесна и побрза монтажа на плочите ги одбележуваме позициите на профилите врз самата плоча. Во нашиот случај главните Премиум профили CD 60 се монтирани на растојание од 500 mm за напречна монтажа на плочите и соодветно ги одбележуваме позициите на сите профили врз плочите, за да се знае точната позиција на профилот.

Следниот чекор е фиксирање на Стандардната гипс-картонски плоча Тип A 12.5 mm на конструкцијата од спуштениот плафон. Тоа се врши со помош на Брз шраф TN 3.5x25, каде растојанието помеѓу шрафовите треба да биде на максимално растојание од 400 mm. Неопходно е да се предвиди разидување на нефабричките фуги помеѓу две соседни плочи на растојание од минимум 500 mm. При монтажата на крајните плочи кон ободните ѕидови треба да се предвиди фуга од 2 mm, како би можело да се поднесат температурните ширења на објектот.

Неопходно е и пополнување на фабричките фуги со FUGA гипсен исполнувач на ниво Q1. Чекорите за работа со производот може да ги најдете тука.

Потоа пристапуваме кон монтажа на вториот слој од гипс-картонски плочи. За фиксирање на плочите кон металната конструкција користиме Брз шраф TN 3.5x35 и тоа растојанието помеѓу шрафовите треба да биде на максимално растојание од 200 mm.
Потребно е да се предвиди разидување на нефабричките фуги помеѓу две соседни плочи на растојание од минимум 500 mm. Исто така се предвидува разидување на фугите од првиот и вториот слој од 600 mm, што претставува половина од плочата. При монтажата на крајните плочи се предвидува фуга од 2 mm, како би се апсорбирала температурната разлика на објектот.

За да се заврши површината потребно е фугирање на споевите до ниво Q2, што вклучува исполнување со FUGA исполнувач и армирање со Хартиена бандажна лента. Не заборавајте да ги пополните и главите од шрафовите исто така.

Тоа е последниот чекор при монтажата и завршувањето на спуштен плафон Technogips Pro C2-2.