link to homepage logo

19.10.2021

Спуштен плафон C2-1 со директни држачи

Во оваа статија ви презентираме како да монтирате спуштен плафон на две нивоа Technogips Pro C1-2 со директни држачи.

Потребни производи и алати:

  • Премиум профил CD 60
  • Директен држач
  • Брз шраф TEX TN 4.2x13
  • Спојка за CD профил
  • Крстеста спојка за CD профил
  • Метро
  • Нивелир 
  • Креда или маркер
  • Ножици за лим
  • Шрафилица

Тука се чекорите кои ги следевме:

Неопходно е претходно да определите нивото на готовиот спуштен плафон и да ги монтирате периферните UD профили. Видете повеќе за чекорите во оваа блог статија.

После монтажата на периферните профили следува маркирање на позициите на директните држачи на носивиот плафон. Со помош на метро, молив и креда се одбележуваат оските, по кои ќе се монтираат директните држачи и последователно главните премиум профили CD 60. Првата оска ја одбележуваме на растојание од максимални 300 mm од ободниот ѕид и секоја наредна треба да биде на растојание од 500-1200 mm во зависност од тежината на опшивката од гипс-картонските плочи. Повеќе информации за размерувањето може да најдете на стр. 80 од Техничкиот каталог Technogips Pro.

Пристапуваме кон монтирање на директните држачи кон носивиот плафон со соодветни завртки, согласно со видот на самиот плафон. При масивен плафон од армирано-бетонска конструкција, препорачуваме користење само и единствено сидрест клин 6х40/60. При монтажа на обесената конструкција на спуштените плафони не се дозволува користење на ротациони типли или друг вид на елементи со пластична типла, поради тоа што тие видови на завртки не се отпорни на оган во случај на пожар.

Растојанието помеѓу директните држачи треба да биде соодветно со тежината на идната опшивка од гипс-картонски плочи. Носивата способност на директниот држач е 0.4 kN или 40 kg/m2. Повеќе информации за размерувањето и изборот на соодветни држачи може да најдете на стр. 80 од Техничкиот каталог Technogips Pro. Продолжуваме со размерувањето на основните премиум профили CD 60. Вкупната должина на профилот треба да биде со 10 mm помала од должината на просторијата, за да има можност од линиско ширење на профилот и последователно да се избегнат пукнатини на фугите меѓу гипс-картонските плочи. При потреба за издолжување на основните премиум профили CD 60 потребно е користење на спојка за CD профили.

Монтажата на премиум профилите CD 60 кон директните држачи следува после прецизно нивелирање спрема веќе однапред определеното ниво на спуштениот плафон. За фиксирање на директниот држач се користи по еден брз шраф TEX TN 4 од секоја страна на профилот.

Потоа преминуваме кон монтажа на монтажните профили во напречна насока во однос на основните CD профили. Крстестата врска помеѓу двата профила се обезбедува со користење на крстеста CD спојка за две нивоа. Растојанието помеѓу монтажните профили е 500 mm.

Со овој чекор е завршена монтажата на конструкцијата за спуштен плафон на две нивоа Technogips Pro C2-1 со директни држачи.