link to homepage logo

14.10.2021

Совети за Превенција и Заштита од Пожари

Овој месец се вклучуваме во кампањата за  "Превенција и заштита од пожари", која се организира  се организира низ целиот свет секој октомври. За да ја зголемиме свесноста и да ги намалиме последиците од пожарите, кои можат да бидат спречени, ви споделуваме неколку совети.

Претходно изгответе план за евакуација во случај на пожар

За да сте подготвени во случаи на пожар, требно е претходно да имате нарачано план со варијантите за евакуација од сите простории, во случај да се појави пожар. Ви советуваме да го испробате планот, на начин што ќе ја поминете изцртаната патека со затворени очи, поради тоа што ви случај на пожар може нема да имате видливост од димот. 
 
Држете го на соодветно место противпожарниот уред 

Држете го на соодветно место противпожарниот уред на критични точки во станот, како на пример во кујната. Тој ќе ви биде потребен доколку дојде до запалување на масло, кое не може да се изгасне со вода. 
 
Осигурете ги системските решенија за пожарна заштита во целиот објект 

Осигурете се, дека сите изградени ѕидови и тавани во вашиот објект имаат сертификат за пожарна заштита и гарантираат ниво за определени минути издржливост во случај на појава на пожар. Користете гипс-картонски ѕидови отпорни на пожар, како W1-3 Fire Wall 180 на Technogips Pro во целиот објект, а не само во кујната. На тој начин си гарантирате, дека огнот нема да се распространи низ вашиот дом и ќе си обезбедите време за евакуација и зачувување на останатата покуќнина до 180 минути. 
 
Не користете оштетени електрични кабли 

Држете ги каблите подалеку од загреани површини, за да не се стопи надворешната заштита. Доколку забележите оштетување на кабелот, веднаш заменете го за да ризикувате електриката да предизвика пожар, особено кога не сте во просторијата. Не оставајте кабли под теписони, особено ако се оштетени, каде со често поминување преку нив може да ги пресечете и да предизвикате пожар. 
 
Држете ги грејните тела на растојание најмалку од 1 м од запаливи предмети 

Ако користите грејни тела, кои имаат многу жешки делови, држете ги најмалку 1 метар подалеку од запаливи предмети. Најчесто тоа се завеси и килими кои можат да се запалат за неколку секунди. 
 
Разгледајте ги овие совети со вашето семејство и убедете се дека домот ви е заштитен. 

Назад кон сите статии