link to homepage logo

29.09.2021

Спуштен плафон C1-1 со Премиум Нониус држач

Во оваа видео ви презентираме како се монтира спуштен плафон на едно ниво Technogips Pro C1-1 со Нониус држачи.

Производи и алати кои се потребни:  

  • Премиум Нониус држач, горен дел
  • Премиум профил CD 60  
  • Премиум Нониус држач, долен дел
  • Премиум Нониус сигурносна спојница
  • CD спојка за едно ниво
  • Метро 
  • Ласерски нивелир
  • Креда или маркер 
  • Ножици за лим
  • Шрафилица

Тука се чекорите кои ги следевме: 

Со помош на метро, молив и креда се маркираат оските на кои треба да се монтираат Премиум Нониус држачите и последователните Премиум профили  CD 60. Првата оска се одбележува на максимално растојание од 300 mm од ободниот ѕид и секоја наредна се одбележува на 500 mm растојанија при напречно монтирање или на 400 mm за надолжно монтирање на плочите.

Пристапуваме кон монтажа на Премиум Нониус држачите на носивата структура со соодветни завртки според типот на подлогата. Во случај на армирано бетонска плоча препорачуваме користење на сидрести клинови 6x40/60. При монтажа на обесена конструкција за спуштени плафони не се дозволува употреба на ротациони типли или друг вид на елементи со пластична типла, поради тоа што таквите завртки не се отпорни во случај на пожар.

Растојанието помеѓу Премиум Нониус држачите треба да биде соодветно на тежината на идната опшивка од гипс-картонски плочи. Носивата способност на комбинацијата Премиум Нониус горен дел, долен дел и сигурносна спојница е 1.0 kN или 100 kg/m2. Повеќе информации за размерувањето и изборот на соодветни завртки може да најдете на страна број 77 од Каталогот за системски решенија на Technogips Pro.

Понатаму се продолжува со размерувањето на основните Премиум профили CD60. Вкупната должина на профилите треба да е со 10 mm помала од должината на просторијата, за да се овозможи линиско ширење на профилите и следствено на тоа да се избегне пукање на фугите помеѓу гипс-картонските плочи.

Монтажата на Премиум профилите CD 60 на Премиум Нониус држачите следува со прецизно нивелирање спрема однапред определеното ниво на спуштениот плафон и фиксирање на двата дела на Нониус држачите со сигурносната спојница.

За стабилизирање на спуштената конструкција и прицврстување на не-фабричката фуга помеѓу гипс-картонските плочи, препорачуваме монтажа на напречни Премиум профили CD 60.

Тие се размеруваат во однос на растојанието помеѓу основните профили и се монтираат кон нив со CD спојка за едно ниво.

Се поставуваат толку напречни врски, колку што има не-фабрички фуги на гипс-картонските плочи.

Со овој чекор монтажата на конструкцијата од спуштениот плафон на едно ниво Technogips Pro C1-2 со Премиум Нониус држач е комплетирана.