08.09.2021
Спуштен плафон C1-1 со директни држачи
Во оваа видео ви презентираме како се монтира спуштен плафон на едно ниво Technogips Pro C1-1 со директни држачи.
Производи и алати кои се потребни:
- Премиум профил CD 60
- Директен држач
- Брз шраф TEX TN 4.2x13
- CD спојка за едно ниво
- Метро
- Ласерски нивелир
- Креда или маркер
- Ножици за лим
- Шрафилица
Тука се чекорите кои ги следевме:
Со помош на метро, молив и креда се маркираат оските на кои треба да се монтираат директните држачи и последователните Премиум профили CD 60. Првата оска се одбележува на максимално растојание од 300 mm од ободниот ѕид и секоја наредна се одбележува на 500 mm растојанија при напречно монтирање или на 400 mm за надолжно монтирање на плочите.
Пристапуваме кон монтажа на директните држачи на носивата структура со соодветни завртки според типот на подлогата. Во случај на армирано бетонска плоча препорачуваме користење на сидрести клинови 6x40/60. При монтажа на обесена конструкција за спуштени плафони не се дозволува употреба на ротациони типли или друг вид на елементи со пластична типла, поради тоа што таквите завртки не се отпорни во случај на пожар.
Растојанието помеѓу директните држачи треба да биде соодветно на тежината на идната опшивка од гипс-картонски плочи. Носивата способност на директен држач е 0.4 kN или 40 kg/m2. Повеќе информации за размерувањето и изборот на соодветни завртки може да најдете на страна број 77 од Каталогот за системски решенија на Technogips Pro.
Понатаму се продолжува со размерувањето на основните Премиум профили CD60. Вкупната должина на профилите треба да е со 10 mm помала од должината на просторијата, за да се овозможи линиско ширење на профилите и следствено на тоа да се избегне пукање на фугите помеѓу гипс-картонските плочи.
Монтажата на Премиум профилите CD 60 на директните држачи следува со прецизно нивелирање спрема однапред определеното ниво на спуштениот плафон. За фиксирање на директните држачи се користат по еден брз шраф TEX TN 4.2x13 од двете страни на профилот.
За стабилизирање на спуштената конструкција и прицврстување на не-фабричката фуга помеѓу гипс-картонските плочи, препорачуваме монтажа на напречни Премиум профили CD 60. Тие се размеруваат во однос на растојанието помеѓу основните профили и се монтираат кон нив со CD спојка за едно ниво. Се поставуваат толку напречни врски, колку што има не-фабрички фуги на гипс-картонските плочи.
Со овој чекор монтажата на конструкцијата од спуштениот плафон на едно ниво Technogips Pro C1-1 со директни држачи е комплетирана.