25.08.2021
Како да се направи ѕидна опшивка на заоблен ѕид?
Во оваа видео ви презентираме како да се направи ѕидна опшивка на заоблен ѕид, користејќи стандардни гипс-картонски плочи тип A 9.5 mm.
Потребни алати и производи:
- Стандардна гипс-картонска плоча тип A 9.5 mm
- Брз шраф TN 3.5 x 25 mm
- Метро
- Молив
- Нивелир
- Скалпел
- Шрафилица
Тука се чекорите кои ги следевме:
Започнуваме со размерување на гипс-картонските плочи и бележење на растојание од 30 см по целата должина на плочата. Внимателно се притиснува плочата по формата на целата должина на плочата.
Внимателно се притиснува плочата по формата на заоблениот ѕид и со помош на брз шраф TN 3.5 x 25 mm се фиксира плочата врз вертикалните CW профили, кои се поставени на аксијално растојание од 30см. Исто така се фиксира плочата и со хоризонталните UW профили на основата.
Се повторува оваа постапка се додека не се покрие целата височина на ѕидот.