link to homepage logo

11.08.2021

Како да се изгради конструкција на заоблен ѕид?

Во оваа видео ви презентираме како да се изгради конструкција за заоблен ѕид, изработена од метални профили.

Потребни алати и производи:

  • Премиум профил UW
  • Премиум профил CW
  • Саморезен шраф TEX LB 4.2 x 13 mm
  • Молив
  • Метро
  • Шрафилица
  • Ножица за лим

Тука се чекорите кои ги следевме:

Започнуваме со одбележување на почетокот и крајот од декоративниот заоблен ѕид. Потоа, користејќи молив и метален профил, кој времено се фиксира на подот преку пресечната точка на почетокот и крајот во вид на компас, кој ќе служи за исцртување на кривината на ѕидот. Се повторува истата постапка за плафонот.

Продолжуваме со размерување на хоризонтален UW профил и одбележување на растојание од 6 см по целта должина, каде понатаму се сече со аголна брусилка или ножица за лим, оставајќи ја едната страна од профилот несечена. Со соодветни шрафови се фиксира профилот на подот. Се повторува постапката и за плафонскиот профил.

Потоа се размеруваат вертикалните CW профили и се поставуваат на аксијално растојание од 30 см помеѓу себе. Користиме саморезни шрафови TEX за фиксирање на вертикалните профили за UW профилите на подот, каде врската со горниот профил останува слободна.

Откако е направена ѕидната конструкција, може да се премине кон нејзино опшивање.