link to homepage logo

07.07.2021

Како да се изгради двослоен преграден ѕид Technogips Pro W1-2 со Titan плочи?

Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно да изградите двослоен преграден ѕид Technogips Pro W1-2 со Titan плочи.

Алати и производи кои се потребни:

  • Titan плоча DFH1IR
  • Премиум профил UW
  • Премиум профил CW
  • Акустична лента
  • Titan шраф 3.9 x 25 mm
  • Titan шраф 3.9 x 35 mm
  • Минерална волна
  • Молив
  • Метро
  • Ножици за лим
  • Шрафилица
  • Скалпел
  • Нивелир

Тука се чекорите кои ги следевме:

Започнуваме со одбележување на контурите на ѕидот со помош на молив и метро. Се размеруваат периферните UW профили според потребната должина и по нивната должина се лепи акустична лента за подобра звучна изолација.

Се користи Titan шраф 3.9 x 35 mm за да се фиксираат UW профилите на подот и плафонот.

Се преминува кон размерување и сечење на крајните вертикални CW профили според потребната висина на ѕидот и на истите се лепи акустична лента за подобра звучна изолација. CW профилите се фиксираат на ѕидовите. Останатите CW профили треба да се за 10mm пократки од висината на ѕидот. Истите се поставуваат на растојание од 600mm.

Со соодветни завртки се зашрафуваат крајните CW профили за UW профилите од подот и плафонот, а средишните CW профили се фиксираат само за подниот UW профил. Се преминува кон размерување на Titan плочите со 10mm пократка димензија од светлата височина на просторијата.

Првиот слој на плочи се фиксираат кон CW профилите со помош на Titan шраф 3.9 х 25 mm на растојание од 500 mm. Вториот слој на плочи се фиксираат со Titan шрафови 3.9 х 35 mm, повторно на растојание од 500 mm.

Помеѓу двете страни на ѕидот се  поставува минерална волна за подобра топлинска и звучна изолација.

Задолжителен услов е вертикалните фуги помеѓу плочите од двете страни на ѕидот да се разминуваат.

Секогаш се започнува со фиксирање на плочите од едната страна на ѕидот, никогаш од средина и истите не се фиксираат за UW профилите.

Слободниот крај од ѕидот се затвара со ленти од гипс-картонски плочи.