16.06.2021
Како правилно да се фиксира Titan плоча?
Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно да се фиксира Titan плоча.
Алати и производи кои се потребни:
- Премиум CW профил
- Titan шраф
- Шрафилица
Тука се чекорите кои ги следевме:
При фиксирањето плочите не треба да го допираат подот. Околу 10 mm простор треба да се остави помеѓу подот и плочите. Хоризонталните и вертикалните фуги на споевите треба да се разминуваат од спротивната страна на ѕидот.
Се прикачуваат Titan плочите на веќе изработена конструкција од CW профили.
Секогаш се започнува со фиксирање на плочите од едниот крај, никогаш од средината.
Плочите се фиксираат на профилите со помош на шрафилица и специјални шрафови за Titan плочи – Titan шраф. Шрафовите мора да се фиксираат на 10 mm од крајот на плочите.
Шрафот мора да навлезе нормално врз површината, на начин да аголот помеѓу плочата и шрафот е 90 степени. Главата на шрафот треба да навлезе 1 mm под површината на плочата, додека слободниот крај на шрафот треба да навлезе најмалку 10 mm во празниот дел од профилот.
Се повторува постапката по целата височина на плочите по оскиното растојание од максимум 150 mm. Вертикалните споеви помеѓу плочите треба да се разминуваат преку мин. 2 CW аксијално растојание.