link to homepage logo

04.08.2021

HOW TO: Како и за што се користи Titan плоча?

Titan плоча е нова револуционерна гипс-картонска плоча на Technogips Pro за внатрешна употреба, која вклучува 5 клучни карактеристики – звучна изолација, пожарна заштита, отпорност на влага, исклучителна цврстина и долготрајност за побезбедна, поздрава и покомфорна животна средина. Денес ви даваме повеќе информации за нејзините карактеристики и предности, како и тоа каде може да се користи истата.

Кои се основните карактеристики и предности на Titanплочата?

Titan плочата има специјално засилено гипсено јадро со висока густина за исклучителната ефективна звучна изолација од воздушен и ударен шум. Користејќи ја Titan плочата во Technogips Pro системските решенија за сува градба може да се постигне звучна изолација до 72 dB.

Titan плочата има зголемена отпорност на високи температури и обезбедува пожарна заштита на просториите до 180 минути.

Исто така, Titan плочата има највисока класа на отпорност на влага – H1, што овозможува нејзина примена во простории со висока влажност до 90% и обезбедува ефективна заштита против развивање на мувла и плесна.

Titan плочата и далеку поотпорна од било која друга гипс-картонска плоча досега. Создадена е да издржува најразлични удари, површински оштетувања и огреботини, настанати од било кои предмети. Плочата е екстремно цврста и со повеќе од 30% повисока цврстина од стандардните гипс-картонски плочи. Ваквите карактеристики дозволуваат да се закачат тешки предмети на ѕидот без да бидат потребни специјални завртки и без опасност од нивно откачување и провиснување.

Исклучителната цврстина и отпорност на плочата исто така овозможува изработка на високи ѕидови без промена на стандардната метална конструкција.

Каде може да се користи Titan плочата?

Titan плочата е гипс-картонска плоча дизајнирана за употреба во премиум ентериерни системски решенија за ѕидови, ѕидови со инсталации, ѕидни облоги и спуштени плафони. Може да се користи во сите простории во домот, како спални соби, кујни, дневни соби, ходници и коридори, скалишни простории, бањи, атики, подруми, гаражи и како дел од системските решенија за бројни јавни објекти, како што се трговски центри, канцелариски простории, хотели, теретани, болници, културни центри, индустриски и производствени објекти, школи.

Прочитајте ги деталните информации за Titan плочата и запознајте се со нејзините технички карактеристики тука.

Назад кон сите статии