12.05.2021
Како да се исече отвор за прозорец во преграден ѕид?
Во оваа видео ви презентираме како да се исече отвор за прозорец во завршен преграден ѕид од гипс-картонски плочи и профили.
Алати и производи кои се потребни:
-
Метро
- Молив
- Нивелир
- Шрафилица
- Трион за гипс-картон
- Бургија
- Аголник
Тука се чекорите кои ги следевме:
Започнуваме со мерење на должината и ширината на избраниот прозорец, кој треба да се монтира.
Со молив и нивелир ги одбележуваме растојанијата на ѕидот со тоа што оставаме 2 см за нивелација и заптивање на прозорецот.
Со помош на бургија пробушуваме дупки во четирите агли на одбележаниот ѕид, како и по должина на одбележаните страни. Потоа со трион за гипс-картон се засекува по должината и ширината на одбележаниот дел. Со помош на шрафилица се вадат шрафовите со кои се фиксирани гипс-картонските плочи врз профилите и плочите се отстрануваат.
Се повторува оваа постапка и од другата страна на ѕидот.
Со аголникот се сечат вертикалните профили во должина од направениот отвор.