link to homepage logo

05.05.2021

Кои се основните алати за работа во сува градба?

Во оваа видео ви презентираме дел од основните алати, кои се користат во сувата градба.

Алати кои се споменати во видеото:

  • Бандажо
  • Валјак за гледување
  • Нож за глетување
  • Шлајфер

Бандажо за гипс-картон е инструмент за фугирање на гипс-картонските плочи во ниво Q1 на завршна обработка. Тој овозможува глетувањето и армирањето со лента на фугите и внатрешните агли помеѓу плочите да се случува едновремено.

Бандажо може да се користи како со хартиена, така и со бандажна лента со стаклени влакна. Најнапред во бандажо се нанесува избраната лента за фуга, после што се додава фуг смесата.

Во зависност од просторијата во која ќе се аплицираат фугите препорачуваме користење на FUGA и FUGA & FINISH Light во простории со нормална влажност и FUGA Hydro со бандажна лента со стаклени влакна во простории со висока влажност.

Валјакот за глетување се користи за нанесување на смесите за глетување и помага во брзо и лесно постигнување на еден од финалните чекори на завршната обработка на површината – нејзино целосно глетување. Валјакот може да биде со различна ширина и дебелина, како и со различна должина на рачката, зависно потребите на соодветниот проект. Работи перфектно со универзалната готова смеса на Technogips Pro – FUGA & FINISH Light.

Ножот за глетување е алат, кој има нож со плавоаголна форма и удобна рачка од едната страна по целата должина. Ножот е достапен во различни големини и се употребува за порамнување на завшниот слоја на глетувањето. Со ножот за шпаклување може лесно да биде постигнато последното ниво на завршна обработка – ниво Q4.

Шлајфер за гипс-картон е алат со кружна форма и долга рачка. На основата се поставува плоча од хартија за шмирглање и целата површина се шмиргла се до отстранувањето на сите нерамнини и да се создаде полиран ефект, кој би одговарал со стандардите за завршна ѕидна обработка, исто така познат како ниво Q4. Постојат рачни и механички шлајфери за гипс-картон.