07.04.2021
Кои се различните големини на саморезните шрафови за гипс-картон?
Во оваа видео ви ги презентираме различните големини на саморезни шрафови за гипс-картон, како да ги користите и за кои гипс-картонски плочи се соодветни.
Саморезен шраф е шраф со саморезен врв, кој служи за монтажа на гипс-картонските плочи кон металната конструкција со дебелина до 2.00 mm. Technogips Pro нуди 4 различни големини на брз шраф:
- Саморезен шраф TB 3.5 x 25
- Саморезен шраф TB 3.5 x 35
- Саморезен шраф TB 3.5 x 45
- Саморезен шраф ТB 3.5 x 55
Ви препорачуваме користење на саморезните шрафови TB за внатрешна употреба со гипс-картонските плочи тип А, тип H2, тип DF, тип DFH2 и Sound Comfort Extra тип DFH2.
Шрафовите се прицврстуваат со шрафилица, која задолжително треба да се држи нормално на плочата, за да може аголот помеѓу плочата и шрафот да биде 90 степени. Главата на шрафот треба да навлезе 1 mm под површината на плочите, а слободниот крај на шрафот треба да навлезе минимум 10 mm навнатре во шупливиот дел на профилот.
Различните големини на саморезните шрафови се користат на следниот начин:
- За еднослојна опшивка од гипс-картонската плоча со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до 2.0 mm се користи саморезен шраф TB 3.5 x 25.
- За вториот слој од двослојна опшивка од две гипс-картонски плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до 2.0 mm се користи брз шраф TB 3.5 x 35. Кога плочите се со дебелина од 15 mm за вториот слој се користи саморезен шраф TB 3.5 x 45.
- За третиот слој од трослојна опшивка од гипс-картонски плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm или 15 mm и метален профил до 2.0 mm се користи брз шраф TB 3.5 x 55.