link to homepage logo

08.03.2021

HOW TO: Одвојување на мокар јазол во кујната, правилен избор на плочи за работа со FUGA Hydro, поправање на оштетен надворешен агол

Денес ви обезбедуваме повеќе информации на следните теми: како да се подвои мокар јазол во кујната, кои плочи треба да се користат во комбинација со FUGA Hydro и како да се поправи оштетен надворешен агол.

Прашање 1: Сакам да ја приспособам кујната со мал мокар јазол за машина за перење и машина за сушење. На што треба да обрнам внимание?

Одговор: Одвојувањето на мал простор за машини во кујната може да се направи со преграден ѕид Technogips Pro W1-1 со единечна конструкција од Премиум профили CW/ UW 50 и облога од импрегнирана гипс-картонска плоча тип H2. За подобра звучна изолација ви препорачуваме изолирање на периферните профили со акустична-самолеплива лента 45 mm и исполна од минерална волна помеѓу вертикалните профили.

Ви препорачуваме пополнување на споевите помеѓу плочите со FUGA Hydro и бандажна лента од стаклени влакна за оптимална заштита од влажност

Прашање 2: Кои плочи треба да ги користам во комбинација со FUGA Hydro? ⠀

Одговор: FUGA Hydro е импрегниран исполнувач на споеви на Technogips Pro, создадена специјално за примена во простории со висока релативна влажност над 70%.

За оптимални резултати ви препорачуваме користење на FUGA Hydro во комбинација со:

  • Импрегнирана гипс-картонска плоча тип H2 – за простории со зголемена влажност до 70% за кратки временски периоди, каде нема директен контакт со вода.
  • Премиум плоча Blue Board тип GMFH1IR – за внатрешна примена во простории со екстремно висока влажност (вклучително и кондензација), соодветна за простории со регуларен директен контакт со вода.

Фугирањето и целосното глетување на плочите со FUGA Hydro би обезбедило дополнителна заштита на површината од навлегување на влажноста и би спречило појавување на мувла и плесна.

Прашање 3: Како да поправам кај мене дома оштетен надворешен агол кај ѕид од гипс-картон?

Одговор: Понекогаш надворешните агли може да се поткршат или оштетат. За среќа тоа може брзо и лесно да се поправи.

Започнете со демонтирање на стариот заштитен агол за што би користеле шпакла. Повторно со шпаклата порамнете ги нерамнините на основата.

За оформување на новиот агол препорачуваме да користите Премиум алуминиумски заштитен агол. Размерете ја должината на заштитниот агол во зависност од ѕидот и засечете му ги краевите под агол од 45 степени за полесно монтирање.

Нанесете слој од фуг смесата FUGA или од универзалната готова смеса FUGA & FINISH Light по целата должина на висината на ѕидот и прицврстете го заштитниот агол.

Можете да пристапите кон глетување на ѕидот, а за уште поголема цврстина и заштита од пукнатини препорачуваме пред глетувањето да поставите бандажна лента од стаклени влакна.

 

Ви благодариме на сите кои испративте прашања до нас овој месец. Ги очекуваме вашите нови прашања на нашите канали на социјалните мрежи: @technogipspro!

Назад кон сите статии