03.03.2021
Како да се закачи бојлер на ѕид од гипс-картон?
Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно да се изработи зајакната подконструкција од UA профили за монтирање на бојлер на ѕид од гипс-картон.
Потребен алат и производи:
- Премиум профил UW
- Премиум профил CW
- UA агол
- Шраф за прифатна UA винкла
- Премиум профил UA
- Саморезен шраф TB 3.5x25
- Импрегнирана гипс-картонска плоча тип H2
- Метро
- Креда
- Молив
- Нивелир
- Ножица за лим
- Шрафилица
- Трион за гипс-картон
- Вилушкаст клуч
Тука се чекорите кои ги следевме:
Започнуваме со одбележувањето на оската на ѕидната опшивка на подот и плафонот. Ги размеруваме периферните UW профили и ги фиксираме на подот и плафонот со соодветни завртки. Потоа пристапуваме кон размерувањето на крајните вертикални CW профили, кои ги фиксираме кон ѕидот.
Преминуваме кон фиксирањето на UA аглите со UA профилите. За тоа ги користиме шрафовите за UA прифатни винкли. Потоа се фиксираат UA профилите за периферните UW профили и се оставаат шрафовите од горните UA профили незатегнати, како би се избегнала цврста врска меѓу ѕидната опшивка и основната конструкција. Тоа овозможува да се избегнат појави на пукнатини на споевите при деформации на основната структура од објектот при слегнување, земјотреси или надвиснување на меѓукатната плоча.
Потоа се фиксираат UA профилите кон периферните UW профили со соодветни завртки.
Со помош на молив се одбележува растојанието на кое хоризонталните UA профили би биле позиционирани за монтирањето на бојлерот кон опшивката. На обележаните позиции поставуваме дополнителни UA профили со шрафови за прифатни UA винкли. Размеруваме две парчиња од UA профили со широчина од 600 mm (растојанието помеѓу вертикалните профили на опшивката) и ги фиксираме на UA винклите со шрафови. За максимална стабилност и јачина на структурата ги прицврстуваме слободностоечките вертикални UA профили за ѕидот со помош на UA агли и саморезни шрафови TB 3.5 x 25 или саморезни шрафови TEX LB 4.2 x 13.
Преку хоризонталните UA профили го бележиме растојанието на кое ќе се постават завртките за бојлерот и со дупчалка ги бушиме соодветните големини на дупките во профилите, во кои ќе се вметнат држачите за бојлерот.
Откако ги имаме фиксирано четирите држачи преминуваме кон затворање на ѕидната опшивка со Technogips Pro импрегнирани гипс-картонски плочи тип H2. За таа цел, најнапред ги одбележуваме и сечеме со трион отворите на држачите во гипс-картонот и потоа ги прицврстуваме кон вертикалните профили со саморезен шраф TB 3.5 x 25.