link to homepage logo

24.02.2021

Како да се направи ниша во ѕидна опшивка?

Во оваа видео ви претставуваме како брзо и лесно да се изработи ниша во ѕидна опшивка од UA профили.

Потребен алат и производи:

  • Premium профил UD
  • Premium профил UW
  • Саморезен шраф, TEX
  • Импрегнирана гипс-картонска плоча Тип H2
  • Брз шраф 3.5 x 25
  • Саморезен шраф
  • Метро
  • Молив
  • Нивелир
  • Ножица за лим
  • Шрафилица
  • Ласер за нивелирање
  • Трион за гипс-картон
  • Ренде за гипс-картон

Тука се чекорите кои ги следевме:

Започнуваме со одбележување на центарот на нишата. Ја размеруваме посакуваната должина и длабочина на нишата и ги одбележуваме контурите со молив и нивелир, како би осигурале перфектни прави линии.

Сечеме парчиња од CD профили со иста димензија како и должината и длабочината на нишата и ги фиксираме на ѕидот со соодветни завртки.

Размеруваме два UW профили и ги сечеме нивните краеви под агол од 45 степени, како би направиле појака врска при фиксирањето на рамката од ѕидната опшивка. Ги поставуваме UW профилите на иста висина како и горната и долната ивица од нишата и ги фиксираме на периферните UA профили од ѕидната опшивка со саморезни шрафови, TEX.

Пристапуваме кон затварањето на опшивката со импрегнирана гипс-картонска плоча тип H2. Ја размеруваме плочата и со трион за гипс-картон ги сечеме дупките за сите испакнати елементи од вграденото казанче, така што плочата да може лесно да налегне.

Ја фиксираме плочата на вертикалните крајни профили и на хоризонталните UW профили со брзи шрафови 3.5 x 25, каде потоа со трионот се сече отворот по контурата на нишата во ѕидот. Краевите од плочата се порамнуваат со ренде за гипс-картон.

Преминуваме кон сечење на уште две парчиња UD профили со висина на нишата и ја фиксираме на задната страна од плочата по краевите, каде потоа сечеме четири парчиња од гипс плочата тип H2 – две со висината и длабочината на нишата и две со ширината и длабочината на нишата. Долгите парчиња ги фиксираме на вертикалните UD профили на двете страни и останатите две парчиња ги фиксираме на горниот и долниот дел на нишата, како би ја затвориле.

На крај ја фиксираме дополнителната ѕидна опшивка кон периферните UA профили со саморезни шрафови.

*Во нашиот случај ја изработуваме нишата над вграденото казанче, кое го презентиравме минатата недела и го користиме неговиот центар за ориентир при размерувањето.