01.02.2021
HOW TO: Опшивка на фасадна стреа со Blue Board, надворешна опшивка на камин со Blue Board, совети за изработка на конструкција за туш кабина во вашиот дом?
Денес ви нудиме повеќе информации на следните теми: како да се направи фасадна опшивка на стреи со Blue Board, дали може да се користи Blue Board за надворешна опшивка на камин и што ви е потребно да изградите туш кабина во вашиот дом.
Прочитајте повеќе тука:
Прашање 1: Можам ли да ја користам Blue Board за фасадна опшивка на стреа?
Одговор: Blue Board GMFH1IR плочите се специјално дизајнирани да опстанат на агресивни атмосферски влијанија и висок степен на влажност и кондензација. Тоа ги прави перфектен избор за опшивки на фасадни стреи.
За правилно фиксирање на плочите од стреите ние ви советуваме да користите Blue Board TB 3.9x30 Super Premium шрафови C5 зајакнати со дополнителен анти-корозивен премаз. Плочите од Blue Board треба да се фиксираат преку монтираните профили со користење на Blue Board шрафови 3.9x30 на максимално осовинско растојание од 100 mm.
Важните особености при монтирањето на металната конструкција на стреите зависат од самиот тип:
- Конструкција на едно ниво со CD60 / UD27 SUPER PREMIUM профили со анти-корозивен премаз класа C4 или C5 во зависност од климатските услови и надворешната средина – во случаи кога ширината на стреата е до 600 mm.
- Конструкција на две нивоа со CD60 / UD27 SUPER PREMIUM профили и Нониус или директни држачи 125 со анти-корозивен премаз класа C4 или C5 во зависност од климатските услови и надворешната средина – во случаи кога ширината на стреата е 600 - 1000 mm.
- Монтажа на периферните UD 27 профили кон оградена конструкција со соодветни шрафови на максимално осовинско растојание од 500 mm.
Следниот чекот кој треба да го следите е поставување на цементно лепило со дебелина од 3-5 mm заедно со мрежа за армирање за фасадна употреба.
Последниот чекот од завршувањето на стреите е да се постави тенок слој на завршен малтер.
Прашање 2: Сакам да направам надворешна опшивка на внатрешен камин. Дали можам да ги користам плочите Blue Board за таа намена?
Одговор: Blue Board GMFH1IR е зајакната со специјални адитиви и двострано е обложена специјален вел од стакло-фибер, кој ја прави исклучително издржлива на високи температури и е апсолутно негорива плоча со класа на реакција на пожар – А1.
Кога се користи Blue Board за надворешно опшивање на камини ви препорачуваме најнапред да изолирате од топлина користејќи минимум 50 mm камена волна со густина од 50 kg/m3 помеѓу каминот и плочите, со што температурата да не надминува 40 степени.
Прашање 3: Какви плочи, профили и аксесоари треба да користам за изработка на конструкција на туш кабина во домот?
Одговор: За изработка на туш кабина во домот потребно е да ја користите иновативната плоча Blue Board GMFH1IR, која е отпорна на интензивна влажност, мувла и кондензација. Да се осигура највисоката издржливост и најдолг животен век на конструкцијата, направете ја металната конструкција со специјалните Super Premium профили и шрафови со анти-корозивен премаз. Најсоодветни профили и аксесоари за овој тип на конструкција се:
- CW Super Premium профил
- UW Super Premium профил
- Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium шраф C5
Тука може да го најдете видеото каде е прикажано како да се изработи металната конструкција на туш кабина:
httpss://www.youtube.com/watch?v=Q2iof3jfJ8I
Додека во оваа видео ви презентираме како правилно да се фиксира ѕидната опшивка на туш кабината со Blue Board: httpss://www.youtube.com/watch?v=wn5srG_8HiA
Како исполнувач помеѓу плочите ви препорачуваме користење на импрегнираниот пополнувач на фуги – FUGA Hydro, кој овозможува дополнителна заштита против навлегување на влага.
Претплатете се на нашиот YouTube канал и не го пропуштајте нашето следно видео во кое ви претставуваме како правилно да се пополнат споевите кај Blue Board со FUGA Hydro: https://bit.ly/youtube-technogipspro
Ви благодариме на сите вас кои одвоивте време да ни пратите прашања овој месец. Ги очекуваме вашите нови прашања на канали на социјалните мрежи: @technogipspro!