23.12.2020
Како и кога да користите FUGA & FINISH Light?
FUGA & FINISH Light е готова за употреба универзална смеса. Олеснетата формула ја прави екстремно лесна за нанесување и се оптимизира остатокот на материјалот.
Главни предности:
- FUGA & FINISH Light е готова за употреба директно од пакувањето, со што значително се намалува времето за подготовка.
- Со олеснетата формула претставува правиот ефективен избор, со што се обезбедува ефикасност во процесот на аплицирање.
- По потреба смесата може да се разреди со вода се до постигнување на потребната густина.
- Соодветна е за рачно и машинско нанесување со бандажо, базука или безвоздушен систем.
- Нема ограничување во времетраењето на работа и цврсто запечатениот капак го зачувува квалитетот на производот во целиот рок на употреба.
- FUGA & FINISH Light е со снежно бела боја, што ја намалува потребната количина за подоцнежното бојадисување.
Нанесување:
- FUGA & FINISH Light е соодветна за пополнување и завршна обработка на споевите кај гипс-картонските плочи – ниво Q1 и Q2.
- Може да се користи за целосно глетување на различни површни – гипс-картонски плочи, бетон – ниво Q3 и Q4.
- Перфектно одговара како коректор пред бојадисување, пополнување на пукнатини, мали дупчиња и гребнатини на гипс-картонските површини.
- Соодветна е за нанесување и завршна обработка кај надворешни агли со алуминиумска аголна лајсна.
Погледнете ја целата палета на Technogips Pro производи: https://www.technogipspro.com/mk/catalog/category1.html