link to homepage logo

03.12.2020

HOW TO: На различни нивоа да се постигне завршна обработка на ѕидот со FUGA, правилно приготвување на сувата смеса, избор на алати и аксесоари за работа со FUGA и совети за избор меѓу FUGA и FUGA Hydro

Денес ви даваме повеќе информации околу нивоата за завршна обработка кои може да се постигнат со FUGA, кои се чекорите за правилно приготвување на сувата смеса, кои алати и аксесоари да ги користите со FUGA, како и кога треба да се користи FUGA, а кога FUGA Hydro.

Прочитајте повеќе тука:

 

Прашање 1: Кои нивоа на завршна обработка можат да се постигнат со FUGA?

Одговор: FUGA е гипсена фуг смеса, која е специјално разработена за професионална обработка на фуги помеѓу гипс-картонските плочи за нивоа Q1-Q2, а исто така погодна е и за целосно преглетување на ѕидовите до ниво Q3. За постигнување на највисокиот стандард на завршна обработка на ѕидовите – ниво Q4, препорачуваме да ја користите серијата на фини смеси – SATEN, глет маса на гипсена база или FUGA & FINISH Light, лесна и готова за употреба универзална смеса.

 

Прашање 2: Како правилно да се подготви сува смеса?

Одговор: Независно дали користите FUGA, FUGA Hydro или SATEN, важно е да ги следите точните чекори за приготвување, како би постигнувале секогаш хомогена смеса со перфектна конзистенција.

Во чист сад сипете чиста вода, во која постепено се додава од смесата, на начин да над нивото на гипсената смеса останат околу 1-2 mm вода.

Соодносот вода:смеса за секој производ е како што следи:

  • FUGA – 2.8 l  вода за 5 kg од производот (≈560 ml за 1 kg)
  • FUGA Hydro – 2.8 l вода за 5 kg од производот (≈560 ml за 1 kg)
  • SATEN - 7.5 l вода за 10 kg од производот (≈750 ml за 1 kg)

Откако се ја додале потребната количина на производот во водата, оставете ја смесата да созрее 3-5 минути. Потоа можете да започнете со мешање на смесата. Мешањето може да го вршите како рачно, така и со мешалка на ниски обрти (со цел да не навлегува воздух во смесата, поради тоа што истиот го менува времето на созревање).

Времето на сушење за секој производ е различно во зависност од дебелината на нанесениот слој и условите на средината – температура и просечна влажност на воздухот. При оптимални услови на средината од 20° C температура на воздухот и релативна влажност од 60%, времето на сушење е како што следи:

  • Ниво Q1 со FUGA, FUGA Hydro или FUGA & FINISH Light – 24 часа.
  • Ниво Q2 со FUGA, FUGA Hydro или FUGA & FINISH Light – 8 часа.
  • Ниво Q3 со FUGA, FUGA Hydro, SATEN или FUGA & FINISH Light – 24 часа
  • Ниво Q4 со SATEN или FUGA & FINISH Light – 24 часа.

 

Прашање 3: Кои алати и аксесоари да ги користам со FUGA? ⠀

Одговор: Користењето на FUGA не бара специјални алати, освен стандардните за сува градба – кофа, шпакла и глетарка. Исклучително е важно сите алати да се целосно исчистени, поради тоа што оние со засушен материјал на нив го намалуваат отвореното време на работа на производот.

FUGA е компатибилна со сите ленти за фуги кои Technogips Pro ги нуди – хартиена, со стаклени влакна и самолепливи. За најдобри резултати и беспрекорна цврстина ја препорачуваме хартиената лента за фуги.

За оптимална измазнетост на ѕидовите препорачуваме преглетуваната површина да биде измазнета со хартиена шмиргла со големина од 120 до 220.

 

Прашање 4: Кога се користи FUGA, а кога FUGA Hydro?

Одговор: FUGA е соодветна за апликација во простории со нормална влажност до 70% и може да се користи со сите Technogips Pro плочи.

FUGA Hydro е специјално разработена за користење во влажни простории со релативна влажност над 70% и може да се користи со влагоотпорните плочи тип H2 и Blue Board GMFH1IR.

 

Ви благодариме на сите вас, кои ни ги испративте вашите прашања овој месец. Очекуваме ваши нови прашања на нашите канали на социјалните мрежи @technogipspro!

Назад кон сите статии