04.11.2020
Како да се оформи кружен лак кај врата?
Во оваа видео ви презентираме како брзо и едноставно да се оформи кружен лак над врата.
Тука се чекорите кои ги следевме:
Пред да се пристапи кон оформување на лакот потребно е да биде завршена металната конструкција на ѕидот и од едната страна да е намонтиран слој од гипс-картонски плочи.
Започнуваме со размерувањето на формата на посакуваниот лак со помош на молив преку не-исечените плочи. Се мери ширината на вратата – во нашиот случај тоа е 100 см. Со молив се одбележува средината (50 см.) и се исцртува вертикална оска. Се фиксира центарот на лакот на половина од широчината на вратата +5 см и со помош на брз шраф и конец се одбележува линијата на посакуваниот лак.
Преминуваме кон сечење на плочите по изцртаната линија и за оформување на отворот може да се користи и ренде. После тоа сечеме Премиум профил UW со должина π x r (во нашиот случај тоа е 157 см.) Страните на профилот се засекуваат на 5 см. со ножица за лим, како би можел профилот да се прилагоди по траекторијата на веќе оформениот лак. Се фиксира со брзи шрафови 3.5 х 25.
Се пристапува кон затворање на другата страна на ѕидот со гипс-картонски плочи и од ново се сечат плочите според формата на лакот.
На задната страна од гипс-картонската плоча, со широчина исто колку и дебелината на ѕидот, се прават засекувања на секои 5 см. и се монтира по должина на лакот. Се монтираат и гипс-картонски плочи по должина на вертикалните профили, кај кои парчиња не се прават засекувања од задната страна. Се фиксираат со брзи шрафови.
Вака изработениот лак е подготвен да се пристапи со глетување.