18.01.2024
Суровите временски услови и нивните влијанија врз вашиот проект за сува конструкција
Градежните работи во текот на зимата можат да бидат предизвикувачи поради непогодните временски услови. Иако структурите на гипс ѕидовите обично се инсталирани во затворени простории, нашиот тим споделува неколку совети како да ја спречите зимата да го "замрзне" вашиот проект!
1.Одржување на температура од +5°C до +25°C
Осигурајте се дека работниот простор е соодветно загреан за да се одржи соодветен температурен опсег за инсталација на производите. Најдобро е да се следат насоките на производителот за секој производ.
2. Складирајте ги сувите градежни производи како што треба
Студените температури можат да влијаат на интегритетот на материјалите, предизвикувајќи циклуси на замрзнување или непожелна акумулација на влага. Ова може да предизвика проблеми за време на инсталацијата. Затоа осигурајте се дека производите се складираат правилно, далеку од дожд, снег, екстремни температури, директно изложување на сонце и други штетни временски услови.
3. Обрнете посебно внимание кога работите со суви смеси.
Студеното време може, и ќе ја измени конзистентноста на смесите и гипсот. Чувајте ги во топла средина пред употреба, користејќи ги уредите за загревање ако е потребно. За време на апликацијата осигурајте дневна температура од мин +8°C, бидејќи хемиските реакции се забавуваат кога температурите се намалуваат под +5°C, што доведува до нерамномерно сушење, висок ризик од замрзнување и компромитација на квалитетот на готовата површина.
4. Планирајте да работите во помали делови
Работете ефикасно во делови за да избегнете долга изложеност на материјалите на ниски температури. Ова обезбедува вистинска инсталација пред материјалите да ѓи зафати студот.
Зошто е важно да се исполнат сите барања за работа во зимски услови? Нашите совети ќе ви помогнат да ги избегнете пукнатините, намалената сила или одвојувањето од основата по сушењето.