link to homepage logo

09.03.2022

Како да се закачи лесна висечка ламба на спуштен плафон

Во следниот текст ви даваме повеќе информации за тоа како да закачите ламба на спуштен плафон. 

Производи и алати кои се потребни: 

  • Метална типла за гипс-картон 
  • Метро 
  • Ласерски нивелир 
  • Шрафилица 

Најважниот чекор пред започнување со монтажата на светлечкото тело е да се одреди неговата позиција. Точниот центар на просторијата или дел од неа, кој би го опслужувала ламбата е секогаш пресечната точка на дијагоналите. За определување потребно е ласерски нивелир, како би се одбележала пресечната точка. 

Потоа пристапуваме кон монтажа на телото од лесната ламба (< 2.5 kg) со помош на метална типла за гипс-картон. 

При потешки светлечки тела (> 2.5-5 kg) потребно е користење на типла за кујни, а во случај на уште потешки товари (> 5 kg) потребно е дополнително засилување на носечката конструкција со CD профили. 

Не пропуштајте да ги изгледате деталните чекори во видеото подолу.