01.03.2022
Како да се оформи декоративна кутија за скриен корниз
Научете како да направите декоративна кутија за скриен корниз.
Во следните редови ви даваме повеќе информации како сами да направите декоративна кутија за скриен корниз.
Производи и алати кои се потребни:
- Стандардна гипс плоча Тип A
- Премиум профил CW
- Премиум профил UW
- Брз шраф TN 3.5x25
- Брз шраф TEX TN 4.2x13
- Сидрест клин 6x40 или шрафови за гипс картон TN 5.5x38
- Метро
- Ласерски нивелир
- Шрафилица
- Ренде за гипс картон
Металната конструкција за скриен корниз е направена од Премиум Профили CW и UW.
Првиот чекот е со молив, метро и ласерски нивелир да се одбележи точната позиција на декоративната кутија преку плафонот и ѕидот.
Стандардните димензии на кутијата се 25+ см широчина и 20 см височина, каде должината се определува според вашите желби и карактеристики на просторијата. Поголемо растојание од ободниот ѕид би ви овозможило полесна монтажа на внатрешната опшивка, како и ќе го засили декоративниот ефект на готовата фигура.
Потоа се пристапува кон размерување на два Премиум профили UW, со должина еднаква на должината на декоративниот елемент, кои би биле дел од основната конструкција на кутијата. Премиум профил UW се монтира кон основниот плафон со помош на сидрест клин, кога се прикачува кон масивен плафон, односно со шраф за гипс-картон TN 5.5x38 кога основата е од гипс-картонски плочи. И кај двата видови на завртки растојанието на шрафење треба да е на 500 mm.
Потоа се размеруваат два Премиум профили CW, кои се монтираат на двата краја од UW профил, за да се оформи основната рамка на конструкцијата. Потребно е монтажа на дополнителни CW профили, на растојание од 40 см, за да се стабилизира конструкцијата.
Фиксирањето на CW-UW профилите се врши со Брз шраф TEX TN 4.2x13 .
Кон така оформената кутија се фиксираат ивиците од гипс-картонски плочи со брз шраф TN 3.5 x 25 mm на растојание од 25 cm.
За да се оформат прави и убави рабови на кутијата потребно е да се израмнат краевите на плочите со ренде за гипс картон.
Не пропуштајте да ги погледнете деталните чекори во видеото подолу.