link to homepage logo

08.12.2021

Како безопасно да пренесуваме и складираме гипс-картонски плочи?

Во повеќето случаи има недостаток на простор и пристапност за механичка опрема за подигање на палетите од гипс-картонски плочи до местото на монтажа.

Во такви случаи се наметнува гипс-картонските плочи да се пренесуваат рачно и е потребно запазување на неколку едноставни правила, кои ќе ја олеснат работата, ќе ја зголемат безопасноста и ќе го запазат квалитетот на производот до неговата монтажа: 

1. Гипс-картонските плочи треба да се пренесуваат секогаш од двајца и тоа на двата краја од плочата, која се носи вертикално по подолгата стана. Поради високата еластичност на плочите, не е дозволено да се носат хоризонтално, поради тоа што може да доведе до деформации и микро-пукнатини на самото гипсено јадро.

2. Тежината на плочите варира помеѓу 15 и 35 kg во зависност од типот и големината. Секогаш применувајте ја техниката за пренос на тежина на вашите нозе (не на ‘рбетот).

3. Секогаш плочите треба да се одлагаат на покриено, суво и проветрено место. Доколку имате делумно мокри или влажни плочи потребно е да почекате до нивно целосно сушење пред да пристапите кон нивна монтажа. Не заборавајте дека сите квалитети на гипс-картонските плочи остануваат непроменети после нивното целосно сушење.

4. Доколку се очекува одлагање на плочите за подолг временски период секогаш поставете ги хоризонтално една врз друга на рамен под и тоа на висина од 60 см растојание од самиот под. 

5. Дозволено е складирање на гипс-картонските плочи вертикално (доколку стојат на нивната подолга страна) за краток временски период пред нивната монтажа. Секогаш поставувајте по најмалку 2 подметки под плочите, како би избегнале оштетување на рабовите и спречување од влажнење.

6. Не е дозволено складирање на гипс-картонските плочи кога стојат вертикално на нивната пократка страна, поради можност да паѓање и предизвикување инцидент!

Не го пропуштајте нашето специјално видео со практична демонстрација на горенаведените совети.