link to homepage logo

01.09.2021

Како да се монтират UD профили?

Во оваа видео ви презентираме како се монтираат периферните UD профили при монтажа на спуштен плафон.  

Производи и алати кои се потребни:  

  • Премиум профил UD 27  
  • Акустична лента - самолеплива 30  
  • Метро 
  • Нивелир
  • Креда или маркер 
  • Ножици за лим 

Тука се чекорите кои ги следевме: 

Се предодредува посакуваната висина на спуштениот плафон и со помош на ласерски нивелир или молив и креда или маркер се одбележува контурата каде ќе се монтираат периферните Премиум профили UD 27. 

Се размеруваат должините на ободните ѕидови и големината на UD 27 Премиум профилите. На основата од секој Премиум профил UD 27 се лепи самолеплива акустична лента, со цел да се изолира звучната вибрација од главната носечка структура на спуштениот плафон. 

По размерувањето на Премиум профилите UD 27, започнуваме со нивна монтажа на ободната структура со соодветни завртки на растојание од максимум 500 mm. На пример: 

  • За масивни ѕидови од полни тули, препорачуваме да се користат ротациони типли 6x40  
  • За армирано-бетонски ѕидови, препорачуваме да се користат сидрести клинови 6x40  
  • За масивни ѕидови од полни тули во форма на решетка (со шуплини), препорачуваме да се користат ротациони типли за шуплини.