link to homepage logo

28.07.2021

Како да се закачи корниз на Titan плоча?

Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно да закачите корниз за завеса на Titan плоча.

Потребни алати и производи:

  • Брз шраф TN 5.5x38 mm
  • Метро
  • Нивелир
  • Молив
  • Шрафилица

Тука се чекорите кои ги следевме:

Започнуваме со премерување на ѕидот према  должината од корнизот и се одбележува центарот на прозорецот, кој би служел за правилно центрирање на корнизот. Со помош на нивелир се осигурува дека корнизот ќе биде поставен хоризонтално. Пристапуваме кон монтирање на двата држачи на корнизот со помош на брзи шрафови TN 5.5x38 mm. Се поставува корнизот преку поставените држачи.