link to homepage logo

21.07.2021

Како да се опшие прозорец со Titan плоча?

Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно да се опшие прозорец со Titan плоча.

Алати и производи кои се потребни:

  • Titan плоча DFH1IR
  • Titan шраф 3.9 x 25 mm
  • Метро
  • Скалпел
  • Нивелир
  • Ренде за гипс-картон
  • Молив
  • Ножици за лим
  • Шрафилица
  • PVC завршен профил за гипс-картон

Тука се чекорите кои ги следевме:

Користиме Titan плоча за да се опшие прозорецот. Започнуваме со размерување на Titan плочите, следејќи ја висината на касата од прозорецот. Се сечат потребните парчиња од Titan плоча, користејќи скалпел и ги порамнуваме со ренде за гипс-картон.

Потоа се сече парче PVC завршен профил со иста должина како и парчето гипс-картон (и висина на прозорецот) и се фиксира по должина на парчето. Се монтира плочата со PVC профилот на страната од прозорецот со помош на Titan шраф 3.9 x 25 mm.

Потоа се сече вишокот на плочата, која излегува надвор од касата на прозорецот со помош на скалпел и страната ја порамнуваме со ренде за гипс-картон. Оваа постапка ја повторуваме и на другата страна од прозорецот.

Се размерува широчината на прозорецот, се сечат две парчиња од Titan плоча и ги затвораме нивните краеви со PVC заштитен агол и ги монтираме на горниот и долниот дел од касата на прозорецот. Се сече вишокот на гипс-картон и се порамнуваат краевите со ренде за гипс-картон.

Може да се пристапи кон глетување на прозорецот.