link to homepage logo

26.05.2021

Како да се постигне завршна обработка на ѕидот на ниво Q1, Q2, Q3 и Q4 со глетарка?

Во оваа видео ви презентираме како да се постигнат четирите нивоа на завршна обработка на ѕидот - Q1, Q2, Q3 и Q4 согласно категоризацијата на Eurogypsum.

Тука се чекорите кои ги следевме:

Ниво Q1:

Во чист сад сипеме чиста вода и во неа додаваме со просејување сува гипсена смеса FUGA, така да над смесата остане 1-2 mm вода (околу 500 ml вода на 1 kg од смесата). Чекаме сместа да узрее околу 5 мин., после кое размешуваме рачно се до постигнувањето на мазна и хомогена смеса. Откако смесата е готова можеме да пристапиме кон пополнување на фугите. 

Ниво Q1 може да биде постигнето како со гипсената фуг смеса FUGA, така и со готовата за употреба смеса FUGA & FINISH.

Поставуваме доволна количина на смеса, како би се пополнил целиот спој помеѓу плочите и добро се притиснува со шпаклата, со што ќе се осигуриме дека целосно се пополнети празните простори. Ширината на пополнетите фуги треба да биде за околу 6 mm поширока од двете страни на лентата која се користи.

После првичното пополнување на фугите по нивните должини ги поставуваме лентите за фуги и притиснуваме за да истите навлезат во смесата. Порамнуваме со лесно притискање по целата должина на фугите за да го истиснеме вишокот на материјал кој е нанесен под лентата. Под лентите треба да остане смеса во дебелина од 1-2mm, кој слој е сосема доволен за цврсто и еластично армирање на фугите.

Го нанесуваме вториот потенок слој од смесата на споевите и тоа во широчина од околу 15-20mm, со што на тој начин финално ја порамнуваме фугата со останатата површина од ѕидовите.

Користете хартиени ленти за фуги при армирањето на фабричните закосени кантови од плочите.

Користете стаклена лента кај оние фуги кои не се од фабричните кантови, каде се јавува минимална дебелина и дозволува прецизно порамнување на споевите од ѕидовите. 

Ниво Q2:

Задолжителен услов е да претходниот слој од ниво Q1 да биде целосно исушен, пред да се пристапи кон обработка на ниво Q2. 

Во чист сад сипеме чиста вода и во неа додаваме со просејување сува гипсена смеса FUGA, така да над смесата остане 1-2 mm вода (околу 500 ml вода на 1 kg од смесата). Чекаме сместа да узрее околу 5 мин., после кое размешуваме рачно се до постигнувањето на мазна и хомогена смеса. Откако смесата е готова можеме да пристапиме кон пополнување на фугите.

Подетални инструкции за работа со FUGA можете да откриете тука: httpss://www.youtube.com/watch?v=D7HE65Vybgc

Ниво Q2 може да се постигне со сувите смеси FUGA и SATEN, а исто така и со готовата за употреба смеса FUGA & FINISH.

Поставуваме доволна количина на смеса на шпаклата и нанесуваме тенок порамнителен слој, кој има за цел да овозможи континуиран премин во зоната на фугата и гипс-картонските плочи. Овој слој се нанесува на растојание од околу 200 mm од двете страни на фугата по целата нивна должина.

Ниво Q3:

Задолжително е претходниот слој – ниво Q2 да е целосно завршен и осушен и сите фуги да се порамнети и пополнети.

Во чист сад сипеме чиста вода и во неа додаваме со просејување сува гипсена смеса SATEN, така да над смесата остане 1-2 mm вода (околу 700 ml вода на 1 kg од производот). Чекаме сместа да узрее околу 5 мин., после кое размешуваме се до постигнувањето на мазна и хомогена смеса. Откако смесата е готова можеме да пристапиме кон пополнување на фугите.

Ниво Q3 може да се постигне со сувите смеси FUGA и SATEN, а исто така и со готовата за употреба смеса FUGA & FINISH.

Со праволиниски движења на глетарката и наклон од 30° нанесуваме тенок слој од смесата. Со едно или две дополнителни движења се порамнуваат сите нерамнини, а по потреба може да се пополнат празнините со додавање од готовата смеса. Доколку е потребно површината може фино да се обработи со хартиена шмиргла и тоа откако нанесената смеса целосно ќе биде исушена.

Ниво Q4:

Задолжително е претходниот слој – ниво Q2 да е целосно завршен и осушен и сите фуги да се порамнети и пополнети.

Прв и многу важен чекор е соодветно размешување  на готовата смеса FUGA & FINISH со механичка мешалка со бавни вртежи и тоа веднаш по нејзиното отворање. При користење на валјак за глетување потребно е смесата да се разреди постепено со 200ml вода на 20 kg од продуктот, и тоа до постигнувањето на  посакуваната конзистенција за работа. 

После размешувањето на готовата смеса се пристапува кон рачно нанесување со глетарка. Се нанесува дебел слој од 3mm преку целата површина на ѕидот. Потоа потребно е да се порамни целата површина, како не би останале споевите непополнети и транспарентни.

Откако целосно ќе се обработи нанесената смеса, сите недостатоци треба задолжително да се полираат со фина шмиргла. За нивно полесно забележување се препорачува користење на насочена кон површината светлина од LED рефлектор. 

 

Eurogypsum – Европски сојуз на гипсена индустрија и производители на гипс-картонски плочи. Разработена и утврдена категоризација во 4 нивоа на квалитетот на завршната обработка кај гипс-картонските плочи, која го ограничува субјективниот фактор при оценувањето на завршните обработки.

Ниво Q1 е основното барање за пополнување на фугите помеѓу гипс-картонските плочи (вклучувајќи и главите од завртките) и е доволен за површини каде би се нанесувале тенкослојни декоративни обработки. Површината постигната со ниво Q1 е соодветна за керамички плочки, декоративни релјефни малтери и слични обработки, кои се со дебелина од над 2мм.

Ниво Q2 одговара на основните барања за завршна обработка на ѕидови и плафони. Основата цел на оваа ниво на квалитет е финално порамнување во делот на фугите и да овозможи порамнет премин кон површините на гипс-картонските плочи.

Ниво Q3 одговара на повисоки барања на квалитетот при завршната обработка на површините.

Ниво Q4 одговара на највисоките барања на квалитет на завршна обработка.