19.05.2021
Како да се оформи отвор и монтажа на прозорец во преграден ѕид?
Во оваа видео ви презентираме како да се оформи отвор за прозорец со CW и UW профили и како да се монтира истиот во преграден ѕид.
Потребни алати и производи:
- Премиум профил CW
- Премиум профил UW
- Titan шраф
- Метро
- Ножица за лим
- Шрафилица
- Нивелир
- PU пена
Тука се чекорите кои ги следевме:
Започнуваме со сечење на два премиум профили CW 75 и ги монтираме во двете вертикални страни на отворот во преградниот ѕид. Потоа ги фиксираме истите од двете страни на ѕидот користејќи Titan шрафови.
Мериме два UW профили и ги сечеме нивните краеви под агол од 45 степени, како би креирале појака врска кога ќе се фиксираат во преградниот ѕид. Ги монтираме нив на хоризонталните страни на отворот и ги фиксираме од двете страни на отворот со Titan шрафови.
Продолжуваме со монтажата на прозорецот. Го позиционираме прозорецот и го прицврстуваме со мали парчиња од гипс плочи или некој друг материјал кој е при рака.
Во нашето претходно видео споменавме дека отворот во ѕидот треба да е за 2 см поширок од самиот прозорец. Овој простор се остава за нивелирање на прозорецот и негово пополнување. Откако прозорецот е наместен се преминува кон исполнување на празниот простор со PU монтажна пена.