link to homepage logo

28.04.2021

Како да се изгради туш кабина со премиум плочи Blue Board?

Во оваа видео ви презентираме како лесно и брзо да изградите туш кабина со премиум плочи Blue Board. 

Потребен алат и производи:

  • Blue Board GMFH1IR
  • Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium шраф C5
  • CW Super Premium Профил
  • UW Super Premium Профил
  • FUGA Hydro
  • Бандажна лента од стаклени влакна
  • Метро
  • Молив
  • Креда
  • Шрафилица
  • Кружна пила Ø 60 mm
  • Скалпел
  • Механичка мешалка
  • Глетарка
  • Шпакла

Тука се чекорите кои ги следевме:

Започнуваме да го одбележуваме просторот и површината која сакаме да ја приспособиме за нашата туш кабина.

Ги одбележуваме контурите на подот со креда. Потоа истото го повторуваме и со плафонот.

Ги размеруваме периферните UW профили и за подобра акустична изолација поставувавме акустична самолеплива лента на основата од профилите и така подготвени ги фиксираме за подот и плафонот со соодветни шрафови.

Потоа преминуваме кон размерување на CW профилите. Го фиксираме крајниот профил за ѕидот со претходно поставена акустична самолеплива лента. Крајниот CW профил од слободната страна го фиксираме за периферните UW профили со саморезен шраф за лим, TEX 4.2х13.

Не заборавајте дека при размерувањето на CW профилите истите треба да бидат за 10 mm пократки од височината на просторијата. Важно е да оскиното растојание помеѓу профилите да биде на 60 cm, за да одговара на еднослојната опшивка од Blue Board GMFH1IR плочи која следи да се монтира.

Ваквата постапка ја повторуваме и за другите две страни на туш кабината, на начин што оставаме растојание од 12.5 mm (може да користите парче од плоча како дистанцер) помеѓу конструкцијата на два внатрешни агли на туш кабината. На тој начин ќе се постигне здрав и стабилен внатрешен агол после монтирањето на опшивката од плочите.

Низ претходно перфорираните отвори во CW профилите се поставуваат цевките за водовод. Потоа се зима Blue Board GMFH1IR плоча и се маркираат позициите на крајните фитинзи од водоводот. Користејќи кружна пила со дијаметар 60 mm се прават двата отвори. Сечеме мало правоаголно парче од едниот крај на плочата со скалпел, така што да може аголните цевки да навлезат во него.

Со помош на шрафилица ги фиксираме плочите кон вертикалните CW профили со специјалните анти-корозивни шрафови – Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium шрафови. Шрафовите треба да се фиксираат  на растојание од 10 mm од крајот на плочата. Шрафилицата треба да се поставува нормално на плочите, со што аголот помеѓу плочата и шрафовите да биде 90 степени. Главите од шрафовите треба да навлезат 1 mm под површината на плочите, а другиот крај од шрафовите треба да навлезе најмалку 10 mm во слободниот простор од профилите. 

Се повторува постапката за останатите 2 страни од туш кабината.

Употребата на иновативната Blue Board во комбинација со FUGA Hydro обезбедува дополнителна заштита на површината од навлегување на влага во влажни внатрешни простории.

Во чист сад истураме чиста вода и во неа додаваме со посипување од влаго-отпорната фуг смеса FUGA Hydro, така што 1-2 mm од водата да остане над нивото на гипсената смеса (околу 500 ml вода на 1 kg од производот). Почекајте смесата да созрее за околу 5 минути и потоа почнете со мешање со помош на механичка мешалка се до постигнување на мазна и хомогена смеса. Кога смесата ќе биде подготвена, може да се започне со пополнување на споевите.

Поставуваме доволно количество од смесата преку глетарката и нанесуваме тенок порамнителен слој, кој има за цел да обезбеди мазен преод во делот на фугата и плочите. Тој слој се нанесува на растојание од околу 200 mm од двете страни на фугата и тоа по целата нејзина должина.

Фугата се армира со бандажна лента со стаклени влакна, преку која се нанесува уште еден слој од смесата по целата должина на фугата.

Ја повторуваме целата постапка на сите плочи.

Со помош на шпаклата ги пополнуваме главите на сите шрафови, како и сите внатрешни и надворешни агли. После првиот нанесен слој на аглите повторно армираме со бандажна лента и го нанесуваме завршниот втор слој FUGA Hydro.

Дополнителна информација:

Во зависност од условите на околината (можност или појава на кондензација на места со базени, со хемиски загадувачи, ѕидови или опшивки во близина на крајбрежни области или индустриски капацитети и сл.) се препорачува да се користат специјалните профили и аксесоари зајакнати со дополнителен анти-корозивен премаз.  Осигурувањето на висок степен на заштита против корозија гарантира дека металот и подконструкцијата од системското решение ќе остане незасегната од агресивната околина за подолг временски период.

Различните класи на профили и аксесоари кои може да ги користите се:

  • Класа C3-C4 – За простории со честа кондензација и високо ниво на воздушни загадувачи предизвикани од производствени процеси, како на пр. индустриски капацитети, простории со базени, јавни пресоблекувални и туш кабини.
  • Класа C5 – Објекти и простории подложени на постојана кондензација, интензивна влажност и висок степен на загадувачи, како на пр. морска вода или термални бањи.