link to homepage logo

05.05.2021

HOW TO: Совети за работа со брз и саморезен шраф, избор на бандажна лента за армирање и фугирање на дупки во ѕид, избор на системско решение за поделување на дневната соба на две простории

Денес ви даваме повеќе информации за тоа која е разликата помеѓу брз и саморезен шраф, која бандажна лента за сува градба треба да се користи за пополнување и армирање на дупка во ѕид и кое е најсодветното системско решение за подвојување на голема дневна соба.

Прашање 1: Која е разликата помеѓу брз и саморезен шраф?

Одговор: Брз шраф е шраф со остар врв дизајниран за прицврстување на гипс-картонски плочи на метал со дебелина до 0.7 mm. Саморезен шраф е шраф со саморезен навој, кој служи за монтирање на гипс плочите преку метали со дебелина до 2.0 mm. Доколку нема специфични барања во проектот, препорачуваме користење на брзите шрафови со Премиум профили CW, UW, CD и UD, а саморезните шрафови да се користат со UA профилите.

Прашање 2: Имам дупка во ѕидот и сакам да ја пополнам и зајакнам. Која бандажна лента за сува градба треба да ја користам?

Одговор: Препорачуваме порамнување на аглите на дупката и пополнување со фуг смеса или градежен гипс. За подобро зајакнување и армирање на ѕидот, препорачуваме нанесување на самолеплива бандажна лента врз дупката и повторно нанесување од фуг смесата или градежниот гипс пред започнување на целосното глетување на ѕидот. 

Прашање 3: Сакам да поделам голема дневна соба во две помали простории – помала дневна соба и една детска соба. Кое системско решение треба да го применам?

Одговор: При подвојување на една дневна соба во две простории, посебно кога една од нив се предвидува за детска соба, звучна изолација е еден од најважните фактори при изборот на решението. За одлична звучна изолација ви препорачуваме ѕид со двослојна облога со тип Sound Comfort DF гипс-картонски плочи. Со оваа системско решение, со само 125 mm дебелина, може да постигнете до 61 dB звучна изолација и исто така се гарантира 120 минути од пожарна заштита.

Благодариме на сите вас кои одвоивте време на ни пишете. Ги очекуваме вашите нови прашанња на нашите канали на социjалните мрежи @technogipspro.com! 

Назад кон сите статии