21.04.2021
Кои се различните видови на ленти за сува градба?
Во оваа видео ви ги презентираме различните видови на ленти кои се користат во сувата градба.
Видовите ленти кои се споменати во видеото се:
- Хартиена бандажна лента за фуги
- Бандажна лента од стаклени влакна
- Мрежеста бандажна лента - самолеплива
- Акустична лента - самолеплива
Хартиената бандажна лента за фуги е соодветна за армирање на споевите помеѓу плочите, како дел од Q1 нивото на завршна обработка на површината. Исто така може да се користи за завршување на внатрешните агли кај ѕидови од гипс-картонски плочи. Оваа лента штити од пукнатини во ѕидовите и ќе обезбеди посигурна врска помеѓу плочите. Препорачуваме користење на хартиената лента со гипсените исполнувачи FUGA и FUGA Hydro, како и со готовата за употреба смеса FUGA & FINISH Light. Technogips Pro хартиената лента е 50 mm широка и 150 m долга.
Бандажната лента од стаклени влакна, исто така позната и како стаклена мрежа, исто така се користи за армирање на споевите помеѓу плочите. Одлично се вклопува со сувите смеси FUGA и FUGA Hydro и може да се користи со FUGA & FINISH Light. Technogips Pro бандажната лента од стаклени влакна е 50 mm широка и доаѓа до должина од 25 m.
Мрежеста бандажна лента – самолеплива е цврста и флексибилна лента која може да се користи за армирање на споевите помеѓу плочите, како и во случаи кога се пополнуваат дупки и пукнатини во ѕидовите. Може директно да биде нанесена на споевите и плочите и да биде премачкана со соодветна смеса – FUGA, FUGA Hydro, FUGA & FINISH Light. Кога се користи за пополнување на дупки и пукнатини препорачано е најнапред да се пополнат истите со смеса и потоа да се нанесе мрежестата самолеплива бандажна лента и повторно преку неа да се нанесе слој од смесата. Technogips Pro нуди мрежести самолепливи бандажни ленти во 3 различни должини – 20 m, 45 m, 90 и со широчина од 48 mm.
Акустичната лента е самолеплива лента која се користи за пополнување на празнините помеѓу периферните хоризонтални и вертикални профили и носивата конструкција, како подови, плафони и ѕидови. Акустичната лента ефективно ја подобрува акустичната изолација во просториите со прекинувањето на преносот на ударниот звук и вибрациите од подот и плафонот. Technogips Pro Акустичната лента е достапна во 4 различни ширини – 30 mm, 45 mm, 65 mm, 90 mm соодветно на основните широчини на профилите, како и со дебелина од 3 mm и должина од 30 m.