06.04.2021
HOW TO: Совети за работа со UA Премиум профили, формирање на отвор за врата, монтирање на бојлер во ѕидна опшивка
Денес ви даваме повеќе информации за тоа како и за што да ги користите UA Премиум профилите, како правилно да формирате отвор за врата и на што треба да внимавате при монтирањето на бојлер во ѕидна опшивка.
Прашање 1: Што се UA профилите и за што можат да се користат?
Одговор: Technogips Pro Премиум профилите UA се специјално зајакнети со дебелина на металот од 2.0 mm, за да издржат значително поголеми оптоварувања во споредба со стандардните профили со дебелина од 0.6 mm. Тие можат да се користат за оформување на врати и прозорци во лесни преградни ѕидови, како и за закачување на тешки предмети преку ѕидни опшивки или ѕидови.
За правилно фиксирање на UA профилите кон подот и плафонот потребно е користење на UA винкли и шрафови за прифатна винкла. Особено е важно горната врска на UA профилот со носивата конструкција да остане полабава, како би се избегнало цврста врска помеѓу преградниот ѕид и носивата конструкција. Ова овозможува избегнување на пукнатини на споевите во случај на деформации на носивата конструкција од објектот.
Technogips Pro Премиум профилите UA се нудат во три големини:
- UA 50
- UA 75
- UA 100
За секоја од големината на профилите има соодветна големина на UA аглите.
Прашање 2: Кои се чекорите кои треба да ги следам за изработка на отвор за врата?
Одговор: За формирање на отвор за врата во преграден ѕид најнапред е потребно да се одбележи оската на преградниот ѕид и подготовката на периферните UD профили за монтажа преку подот и плафонот. UD профилот на подот се прекинува на местото каде е предвиден отворот за вратата.
За оформување на отворот за вратата препорачуваме користење на засилени Премиум профили UA, кои се специјално проектирани за конструкции со интензивно и големо оптеретување. Врската на UA профилот кон подот и плафонот се фиксира со помош на винкли и шрафови за прифатна винкла (во склад со ширината на користените профили). Оставете ги шрафовите во горниот UA агол разлабавени како би се избегнала цврста врска помеѓу преградниот ѕид и главната структура. Ова помага при одбегнување на пукнатини на споевите кај деформации на главната структура од слегнување на зградата, земјотреси или свиткување на меѓукатната конструкција.
Надвратникот се формира со UW профил со должина на отворот на вратата. Надвратникот се монтира кон UA профилите со саморезни шрафови за лим 4.2х13. Вертикалните CW профили се поставуваат на 600 mm растојание, така што над надвратникот да има една вертикала за еднослојна опшивка или две вертикали за двослојна опшивка.
Минималното растојание на вертикалните CW профили над надвратникот треба да е на 150 mm од UA профилите.
Одкако конструкцијата со профилите е готова, може да се премине кон фиксирање на опшивката од гипс-картонски плочи. Плочите околу вратата се размеруваат во Г-форма, за да се зајакнат горните агли.
Прашање 3: Сакам да монтирам бојлер на ѕидна опшивка. На што треба да внимавам?
Одговор: Доколку сакате да монтирате бојлер на ѕидна опшивка, најнапред потребно е да ја изработите конструкцијата за таа опшивка. Потребно е да ги фиксирате UW Премиум профилите на подот и плафонот и вертикалните CW профили.
Самиот бојлер треба да биде фиксиран преку зајакнати UA Премиум профили. Тие се фиксираат на подот и плафонот со UA агли, каде шрафовите во горната зона се оставаат разлабавени, како би се избегнала цврста врска помеѓу ѕидната опшивка и носивата конструкција. Ова овозможува одбегнување на несакани пукнатини по споевите при деформации на објектот при слегнување, земјотреси или свиткување на меѓукатната конструкција.
Кога вертикалните UA профили се монтирани, се монтира хоризонталните UA профили, повторно со помош на UA агол и шрафови за прифатна винкла. Држачите за бојлерот се монтираат на нив.
Одкако конструкцијата е целосно готова може да се премине кон фиксирање на опшивката. Кај простории со висока влажност препорачуваме користење на Импрегнирана гипс-картонска плоча тип H2 или Blue Board тип GMFH1I3.
Ви благодариме на сите вас, кои одвоивте време да ни пишете. Ги очекуваме вашите нови прашања на нашите канали на социјалните мрежи @technogipspro!