link to homepage logo

17.03.2021

Кои се различните големини на шрафовите за гипс-картон?

Во оваа видео ви ги презентираме различните големини на шрафови за гипс-картон, како да ги користите и за кои гипс-картонски плочи се соодветни.

Брзиот шраф е шраф со остар врв, кој се користи за монтажа на гипс-картонски плочи кон метална основа со дебелина до 0.7 mm. Technogips Pro нуди 5 различни големини на брз шраф:

  • Брз шраф TN 3.5 x 25
  • Брз шраф TN 3.5 x 35
  • Брз шраф TN 3.5 x 45
  • Брз шраф TN 3.5 x 55
  • Брз шраф TN 4.2 x 70

Ви препорачуваме користење на брзите шрафови TN за внатрешна употреба со гипс-картонските плочи тип А, тип H2, тип DF, тип DFH2 и Sound Comfort Extra тип DF.

Шрафовите се прицврстуваат со шрафилица, која задолжително треба да се држи нормално на плочата, за да може аголот помеѓу плочата и шрафот да биде 90 степени. Главата на шрафот треба да навлезе 1 mm под површината на плочите, а слободниот крај на шрафот треба да навлезе минимум 10 mm навнатре во шупливиот дел на профилот.

Различните големини на брзите шрафови се користат на следниот начин:

  • За еднослојна опшивка од гипс-картонската плоча со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до 0.7 mm се користи брз шраф TN 3.5 x 25.
  • За вториот слој од двослојна опшивка од две гипс-картонски плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm и  метален профил до 0.7 mm се користи брз шраф TN 3.5 x 35. Кога плочите се со дебелина од 15 mm за вториот слој се користи брз шраф TN 3.5 x 45.
  • За третиот слој од трослојна опшивка од гипс-картонски плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm или 15 mm и метален профил до 0.7 mm се користи брз шраф TN 3.5 x 55.
  • За четвртиот слој од четирислојна опшивка од гипс-картонски плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm или 15 mm и метален профил до 0.7 mm се користи брз шраф TN 4.2 x 70.