link to homepage logo

03.02.2021

Пополнување на фуги на Blue Board плочи со FUGA Hydro

Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно може да се пополнат фугите на Blue Board со FUGA Hydro.

Алат и производи кои се потребни:

  • FUGA Hydro
  • Blue Board GMFH1IR
  • Бандажна лента од стаклени влакна
  • Механичка мешалка
  • Глетарка
  • Шпакла

Тука се чекорите кои ги следевме:

Употребата на иновативната Blue Board во комбинација со FUGA Hydro обезбедува дополнителна заштита на површината од навлегување на влага во влажни внатрешни простории.

Во чист сад истураме чиста вода и во неа додаваме со посипување од влаго-отпорната фуг смеса FUGA Hydro, така што 1-2 mm од водата да остане над нивото на гипсената смеса (околу 500 ml вода на 1 kg од производот). Почекајте смесата да созрее за околу 5 минути и потоа почнете со мешање со помош на механичка мешалка се до постигнување на мазна и хомогена смеса. Кога смесата ќе биде подготвена, може да се започне со пополнување на споевите.

Поставуваме доволно количество од смесата преку глетарката и нанесуваме тенок порамнителен слој, кој има за цел да обезбеди мазен преод во делот на фугата и плочите. Тој слој се нанесува на растојание од околу 200 mm од двете страни на фугата и тоа по целата нејзина должина.

Фугата се армира со бандажна лента со стаклени влакна, преку која се нанесува уште еден слој од смесата по целата должина на фугата. Ја повторуваме целата постапка на сите плочи.

Со помош на шпаклата ги пополнуваме главите на сите шрафови, како и сите внатрешни и надворешни агли. После првиот нанесен слој на аглите повторно армираме со бандажна лента и го нанесуваме завршниот втор слој FUGA Hydro.