27.01.2021
Како да се направи опшивка на туш кабина со Blue Board?
Во оваа видео ви презентираме како да се направи опшивка на туш кабина со плочи Blue Board.
Алат и производи кои се потребни:
- Blue Board GMFH1IR
- Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium шраф C5
- Кружна пила Ø 60 mm
- Скалпел
- Шрафилица
Тука се чекорите кои ги следевме:
Пред да се започне со опшивката потребно е да е завршена конструкцијата на туш кабината со анти-корозивни профили. Како да се изработи конструкција за туш кабина може да погледнете тука:
httpss://www.youtube.com/watch?v=Q2iof3jfJ8I
Низ претходно перфорираните отвори во CW профилите се поставуваат цевките за водовод. Потоа се зима Blue Board GMFH1IR плоча и се маркираат позициите на крајните фитинзи од водоводот. Користејќи кружна пила со дијаметар 60 mm се прават двата отвори. Сечеме мало правоаголно парче од едниот крај на плочата со скалпел, така што да може аголните цевки да навлезат во него.
Со помош на шрафилица ги фиксираме плочите кон вертикалните CW профили со специјалните анти-корозивни шрафови – Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium шрафови. Шрафовите треба да се фиксираат на растојание од 10 mm од крајот на плочата. Шрафилицата треба да се поставува нормално на плочите, со што аголот помеѓу плочата и шрафовите да биде 90 степени. Главите од шрафовите треба да навлезат 1 mm под површината на плочите, а другиот крај од шрафовите треба да навлезе најмалку 10 mm во слободниот простор од профилите.
Се повторува постапката за останатите 2 страни од туш кабината.
Дополнителна информација:
Во зависност од условите на околината (можност или појава на кондензација на места со базени, со хемиски загадувачи, ѕидови или опшивки во близина на крајбрежни области или индустриски капацитети и сл.) се препорачува да се користат специјалните профили и аксесоари зајакнати со дополнителен анти-корозивен премаз. Осигурувањето на висок степен на заштита против корозија гарантира дека металот и подконструкцијата од системското решение ќе остане незасегната од агресивната околина за подолг временски период.
Различните класи на профили и аксесоари кои може да ги користите се:
- Класа C3-C4 – За простории со честа кондензација и високо ниво на воздушни загадувачи предизвикани од производствени процеси, како на пр. индустриски капацитети, простории со базени, јавни пресоблекувални и туш кабини.
- Класа C5 – Објекти и простории подложени на постојана кондензација, интензивна влажност и висок степен на загадувачи, како на пр. морска вода или термални бањи.