20.01.2021
Како да се направи конструкција за туш кабина?
Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно да се направи конструкција од профили со анти-корозивна заштита за туш кабина.
Потребен алат и производи:
- CW Super Premium Профил
- UW Super Premium Профил
- Метро
- Молив
- Креда
- Шрафилица
Тука се чекорите кои ги следевме:
Започнуваме да го одбележуваме просторот и површината која сакаме да ја приспособиме за нашата туш кабина.
Ги одбележуваме контурите на подот со креда. Потоа истото го повторуваме и со плафонот.
Ги размеруваме периферните UW профили и за подобра акустична изолација поставувавме акустична самолеплива лента на основата од профилите и така подготвени ги фиксираме за подот и плафонот со соодветни шрафови.
Потоа преминуваме кон размерување на CW профилите. Го фиксираме крајниот профил за ѕидот со претходно поставена акустична самолеплива лента. Крајниот CW профил од слободната страна го фиксираме за периферните UW профили со саморезен шраф за лим, TEX 4.2х13. Не заборавајте дека при размерувањето на CW профилите истите треба да бидат за 10 mm пократки од височината на просторијата. Важно е да оскиното растојание помеѓу профилите да биде на 60 cm, за да одговара на еднослојната опшивка од Blue Board GMFH1IR плочи која следи да се монтира.
Ваквата постапка ја повторуваме и за другите две страни на туш кабината, на начин што оставаме растојание од 12.5 mm (може да користите парче од плоча како дистанцер) помеѓу конструкцијата на два внатрешни агли на туш кабината. На тој начин ќе се постигне здрав и стабилен внатрешен агол после монтирањето на опшивката од плочите.
Дополнителна информација:
Во зависност од условите на околината (можност или појава на кондензација на места со базени, со хемиски загадувачи, ѕидови или опшивки во близина на крајбрежни области или индустриски капацитети и сл.) се препорачува да се користат специјалните профили и аксесоари зајакнати со дополнителен анти-корозивен премаз. Осигурувањето на висок степен на заштита против корозија гарантира дека металот и подконструкцијата од системското решение ќе остане незасегната од агресивната околина за подолг временски период.
Различните класи на профили и аксесоари кои може да ги користите се:
- Класа C3-C4 – За простории со честа кондензација и високо ниво на воздушни загадувачи предизвикани од производствени процеси, како на пр. индустриски капацитети, простории со базени, јавни пресоблекувални и туш кабини.
- Класа C5 – Објекти и простории подложени на постојана кондензација, интензивна влажност и висок степен на загадувачи, како на пр. морска вода или термални бањи.