13.01.2021
Како правилно да се фиксира Blue Board?
Во ова видео ви претставуваме како лесно и брзо може да се фиксира плочата Blue Board.
Потребен алат и производи:
- CW Super Premium профил C5
- Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium шраф C5
- Шрафилка
Тука се чекорите кои ги следевме:
Плочите никогаш не треба да го допираат подот. Потребно е да се предвиди фуга помеѓу подот и плочите од околу 10 mm при фиксирањето на плочите. Хоризонталните и вертикалните споеви на спротивните страни на ѕидот треба да се разидуваат.
Blue Board плочите се прицврстуваат за вертикалните CW профили од конструкцијата. За најдобри резултати и висока издржливост против влага, ви препорачуваме да ги користите специјалните Technogips Pro профили со анти-корозивен премаз – CW Super Premium Profile.
Секогаш се започнува со фиксирање на плочите од една од страните, но никогаш од средината. Со помош на шрафилка се зашрафуваат специјалните анти-корозивни шрафови - Blue Board TB 3.9x30 mm Super Premium Screw. Шрафовите мора да се поставуваат на растојание од 10 mm од краевите на плочата. Шрафилката мора да се држи нормално на плочата, така што аголот помеѓу плочата и шрафот е 90 степени. Главата на шрафот потребно е да навлезе 1mm под површината на плочата, додека слободниот крај треба да навлезе најмалку 10mm во шупливиот дел на профилот.
Ваквата постапка се повторува по целата должина на плочата и тоа на осовинско растојание од 150mm. Вертикалните споеви помеѓу плочите треба да се разминуваат за најмалку 2 CW профили оскино растојание.
Дополнителна информација:
Во зависност од условите на околината (можност или постоење на кондензација на места како базени за пливање, места со хемиски загадувачи, преградни ѕидови и опшивки во близина на крајбрежни места, во индустриски капацитети и др.) се препорачува да се користат специјални профили и аксесоари со дополнителен анти-корозивен премаз. Обезбедувајќи висок степен на заштита од корозија гарантира дека металната конструкција на системот ќе остане незасегната од агресивната средина на подолг временски период.
Различните класификации на профилите и аксесоарите кои може да ги користите се:
- Класа C3-C4 - За простории каде кондензацијата е честа, со висок степен на воздушни загадувачи добиени од производствениот процес, како на пр. индустриски капацитети, базени за пливање, јавни пресоблекувални и тушеви.
- Класа C5 - За објекти и простории со постојана кондензација, интензивна влажност и висок степен на загадувачи, како на пр. Влијание од морска вода или термални бањи.