06.01.2021
Како да се сече Blue Board?
Во оваа видео ви презентираме како најбрзо, лесно и правилно да се сече Blue Board.
Потребен алат:
- Скалпел
- Метро
Тука се чекорите кои ги следевме:
Едновремено го зафаќаме сечилото на скалпелот кон почетокот на метрото со едната рака, а со другата го извлекуваме метрото до потребната должина. Телото на метрото го користиме за фиксирање на должината на сечење. Со лесно притискање на сечилото го правиме посакуваниот засек преку површината на плочата. Засекот се повторува еден или два пати, додека не се исече синиот омот на плочата. Со лесно притискање надоле со двете раце ја прекршуваме плочата и после тоа се подига плочата во обратна насока, за да се скине синиот омот од спротивната страна.
За разлика од гипс-картонските плочи, кои треба да бидат засечени од лицето и задната страна, Blue Board е доволно да биде исечен само од едната, без разлика дали е тоа лице или грб.
Ваквите постапки може да ги следите за сечење на плочите по широчина и должина, како и за сечење на различни големини на ленти или други форми.