01.06.2021
HOW TO: Високи ѕидови, Соодветни производи за постигнување на завршна обработка на ниво Q1, Q2, Q3 и Q4, најсоодветна бандажна лента за армирање на фуги
Денес ви даваме повеќе информации на следните теми: какви решенија предлагаме за високи ѕидови, кои се најсоодветните производи за секое од нивоата на завршна обработката на ѕидот (Q1-Q4) и кои се најсоодветните бандажни ленти за армирање на фуги.
Прочитајте повеќе тука:
Прашање 1: Дали нудите решенија за високи ѕидови над 4 метра?
Одговор: Technogips Pro нуди системски решенија за високи ѕидови над 4 метра и се до 12 метри. Високите ѕидови често се среќаваат во јавни и индустриски објекти, каде проектите бараат сертифицирани ѕидови со висок степен на пожарна заштита и звучна изолација. Едни од најчесто бараните системски решенија за високи преградни ѕидови се W1-2 и W1-3 кои се сертифицирани и ги задоволуваат високите барања за пожарна заштита до 180 минути и звучна изолација од ударен шум до 68 dB. Нашиот технички оддел е секогаш на располагање за бесплатна професионална консултација или за изработка на техничка понуда.
Прашање 2: Кои производи треба да ги користам за различните нивоа на завршна обработка?
Одговор: Во согласност со категоризацијата на Eurogypsum постојат четири нивоа на завршна обработка – Q1, Q2, Q3 и Q4.
Ниво Q1 е основно барање за пополнување на споевите меѓу гипс-картонските плочи (вклучувајќи ги и видливите делови на шрафовите) и се смета за доволно за површини каде се поставуваат дебелослојни декоративни покривања. Ви препорачуваме користење на FUGA гипсен исполнувач на споеви за ниво Q1.
Ниво Q2 претставува глетување и проширување на зоната на фугата за постигнување на порамнет премин помеѓу плочите во делот на фугата. Препорачуваме користење на FUGA за ниво Q2.
Ниво Q3 е целосно глетување на површината. Ниво Q3 одговара на зголемените барања за квалитет на завршната обработка. Да се постигне ниво Q3 ви препорачуваме користење на FUGA гипсен исполнувач на споеви или SATEN гипсена глет маса, која е дел од нашата палета на суви смеси.
За да одговара ѕидот на највисоките барања за квалитет на завршната обработка потребно е целосно глетување на ниво Q4.
Ви препорачуваме користење на SATEN, а за постигнување на перфектно мазна површина ве советуваме да ја порамните површината со фина шмиргла.
Сите нивоа исто така можат да се постигнат со FUGA & FINISH Light готова за употреба смеса.
Прашање 3: Кои бандажни ленти да ги користам за армирање на фуги?
Одговор: Ви препорачуваме користење на хартиена бандажна лента кога се армираат фабричните закосени ивици на плочите. Хартиената бандажна лента има микро перфорација и во исто време висока еластичност, што превенира појава на пукнатини при поместување на подлогата.
За армирање на не фабричните споеви ви препорачуваме бандажна лента со стаклени влакна. Таа има минимална дебелина и овозможува прецизно порамнување на ѕидот. Задолжително е засекување на не фабричните споеви под агол од 45° до 2/3 од дебелината на плочата, како би се овозможило навлегување на фуг масата во самите споеви.
Јаката и флексибилна самолеплива бандажна лента исто така може да се користи за армирање на споеви, каде може директно да се нанесува на споевите и потоа да бидат пополнети споевите со соодветна сува смеса.
Ви благодариме на сите вас кои ни пративме ваши прашања. Ги очекуваме вашите нови прашања на нашите канали на социјалните мрежи @technogipspro!