link to homepage logo

28.10.2020

Како да се поправи оштетен агол?

Надворешните агли се најчесто изложени на оштетувања. Во оваа видео ви презентираме како лесно и брзо да се поправи оштетен агол со помош на алуминиумски аголен профил и готова смеса за фугирање.

Тука се чекорите кои ги следевме:

Најнапред стариот агол треба да се демонтира со помош на шпакла. Понатаму основата се порамнува и нерамнините се порамнуваат со шпакла.

За оформувањето на новиот агол користиме Премиум алуминиумски аголни профили. Се премерува потребната должина од ѕидот и се отсекува профилот спрема истата. За полесно монтирање ги оформуваме краевите на аголниот профил под агол од 45 степени.

Нанесуваме слој од FUGA & FINISH по целата должина на ѕидот со цел полесно да се порамнат нерамнините и да се фиксира профилот. При потреба може да се користи и нивелир.

Откако профилот е стабилизиран може да се пристапи кон глетување на ѕидот. За поголема цврстина на аголот и заштита од пукнатини препорачуваме на преодот помеѓу аголната лајсна и масивниот ѕид да се постави стакло-фиберна лента.

На крај се порамнува ѕидот со слој од FUGA & FINISH.