21.10.2020
Целосно рачно глетување со глетарка, ниво Q4
Во оваа видео ви презентираме како рачно да се преглетува целата површина на гипс-картонските ѕидови со помош на глетарка. Согласни со класификацијата на Eurogypsum* тоа е четвртото и последно ниво на површинска обработка - ниво Q4**.
Тука се чекорите кои ги следевме:
Задолжително е претходниот слој – ниво Q2 да е целосно завршен и осушен (може да потрае и до 24 часа) и сите фуги да се порамнети и пополнети.
Прв и многу важен чекор е соодветно размешување на готовата смеса FUGA & FINISH со механичка мешалка со бавни вртежи и тоа веднаш по нејзиното отворање. При користење на валјак за глетување потребно е смесата да се разреди постепено со 200ml вода на 20 kg од продуктот, и тоа до постигнувањето на посакуваната конзистенција за работа.
После размешувањето на готовата смеса се пристапува кон рачно нанесување со глетарка. Се нанесува дебел слој од 3mm преку целата површина на ѕидот. Потоа потребно е да се порамни целата површина, како не би останале споевите непополнети и транспарентни.
Откако целосно ќе се обработи нанесената смеса, сите недостатоци треба задолжително да се полираат со фина шмиргла. За нивно полесно забележување се препорачува користење на насочена кон површината светлина од LED рефлектор.
*Eurogypsum – Европски сојуз на гипсена индустрија и производители на гипс-картонски плочи. Разработена и утврдена категоризација во 4 нивоа на квалитетот на завршната обработка кај гипс-картонските плочи, која го ограничува субјективниот фактор при оценувањето на завршните обработки.
**Ниво Q4 одговара на највисоките барања на квалитет на завршна обработка.
Ниво Q4 вклучува:
- Целосно завршени ниво Q2, пополнети и завршени фуги помеѓу гипс-картонските плочи, пополнети главите од шрафовите и оформени внатрешни и надворешни агли.
- Фино целосно глетување на површината и полирање со фина шмиргла.
Ниво Q4 е соодветен како основа за:
- Ѕидови кај кои се бара исклучително висок квалитет на завршна обработка.
- Ѕидови кои треба завршно да бидат третирани со сјајни бои и слични покривања.
- Простории во кои е присутна изразена јака и коса светлина.