link to homepage logo

30.09.2020

Завршна обработка на фуги со валјак и нож, ниво за завршна обработка Ниво Q2

Во оваа видео ви презентираме како завршно да се обработат фугите кај гипс-картонски плочи со ролер и нож, после армирањето со лента за фуги. Согласно категоризацијата на Еurogypsum* тоа е второто ниво на површинска обработка – ниво Q2**. 

Тука се чекорите кои ги следевме:

Задолжителен услов е да претходниот слој од ниво Q1  да биде целосно осушен (може да потрае и повеќе од 24 часа), за да се пристапи кон ниво Q2 – шпаклување на фугите со готова смеса FUGA & FINISH.  

Еден од најважните чекори при користењето на готовата смеса е нејзиното соодветно размешување со механичка мешалка со бавни вртежи и тоа веднаш по нејзиното отворање. Доколку е потребно смесата може да се разреди со 200 ml вода на 20 kg од производот и тоа постепено се до посакуваната густина.

Готовата смеса се нанесува по целата должина на фугите во тенок слој со помош на валјак и потоа се порамнува со вертикални движења со помош на нож-шпакла. Вкупната ширина на обработката на фугата треба да биде околу 400 mm, која ширина е доволна да обезбеди континуиран премин помеѓу зоната на фугата и гипс-картонската површина.

*Eurogypsum – Европски сојуз на гипсена индустрија и производители на гипс-картонски плочи. Разработена и утврдена категоризација во 4 нивоа на квалитетот на завршната обработка кај гипс-картонските плочи, која го ограничува субјективниот фактор при оценувањето на завршните обработки.

**Ниво Q2 одговара на основните барања на завршната обработка за ѕидови и плафони. Основната цел на тоа ниво на квалитет е финално порамнување на делот кај фугите и да обезбеди континуиран премин кон површината на гипс-картонските плочи.

Ниво Q2 вклучува:

  • Целосно завршена обработка на фугите на ниво Q1
  • Глетување и проширување на зоната на фугата за да се постигне континуиран премин на површината на гипс-картонските плочи, вклучително и полирање со фина шмиргла.

Ниво Q2 е соодветен како основа за:

  • Поставување на тапети со средна или груба структура.
  • Мат дисперзирани и други бои со пополнувачи, кои вообичаено се нанесуваат со валјак.
  • Декоративни тенкослојни малтери со дебелина од 1 mm.

Важни совети:

  • Q2 ниво на квалитет не гарантира дека под финалното покривање нема да се проѕираат нерамнини од основата, особено под јака или коса светлина. Овие ефекти може да бидат намалени со преминување кон следното ниво на квалитет Q3, кое претставува  целосно глетување.
  • Доколку не е специфицирано конкретно новото на завршна обработка, тогаш се смета за прифатливо нивото на квалитет Q2!