link to homepage logo

16.09.2020

Пополнување на фуги со бандажо, ниво на обработка Q1

Во оваа видео ви презентираме како лесно и брзо да се армираат фугите помеѓу гипс-картонските плочи со бандажо алатот за машинско бандажирање. Согласно категоризацијата на Еurogypsum* тоа е првото ниво на површинска обработка – ниво Q1**.

Бандажо е специјален алат за армирање со хартиена лента на фугите помеѓу гипс-картонските плочи, каде едновремено ја премачкува лентата од двете страни и значително го скратува процесот на работа.

Најнапред се размешува со бавни вртежи готовата за употреба смеса FUGA&FINISH и постепено се додава вода до моментот на достигнување на полу-течна конзистенција. На тој начин се олеснува нанесувањето на хартиената лента со бандажо.

Хартиената лента се поставува низ бандажо и се залива садот со готовата за употреба смеса.

Се подесува дебелината на премачкување на лентата, така што да биде од среден до максимален степен и се пристапува кон поставување на лентите.

Кај вертикални фуги се започнува од горе надолу, каде ја задржуваме премачканата лента со едната рака, додека со другата се влече бандажо надолу.

Така нанесените лента потребно е да се порамнат со глетарка или шпакла, како би се овозможил максимално најдобар контакт со двете страни од плочите во делот на фугата.

*Eurogypsum – Европски сојуз на гипсена индустрија и производители на гипс-картонски плочи. Разработена и утврдена категоризација во 4 нивоа на квалитетот на завршната обработка кај гипс-картонските плочи, која го ограничува субјективниот фактор при оценувањето на завршните обработки.

**Ниво Q1 е основното барање за пополнување на фугите помеѓу гипс-картонските плочи (вклучувајќи и главите од завртките) и е доволен за површини каде би се нанесувале тенкослојни декоративни обработки. Површината постигната со ниво Q1 е соодветна за керамички плочки, декоративни релјефни малтери и слични обработки, кои се со дебелина од над 2мм.