05.08.2020
Како да закачиме слики на гипс-картонски ѕидови?
Во оваа видео ви презентираме како брзо и лесно може да се закачат слики со различни тежини на преградни ѕидови или опшивки чии облоги се од гипс-картонски плочи.
Во зависност од тежината на сликите, може да се примени следнава шема за фиксирање на држачите за слики, кои држачи може да се најдат во сите железарии:
-
За тежина до 5 kg – држач на една типла
- За тежина до 10 kg – држач на две типли
- За тежина до 15 kg – држач на три типли