22.07.2020
Пополнување на фуги со гипсена фуг смеса, ниво Q1
Во оваа видео презентираме како да се пополнат и армираат фугите кај гипс-картонските плочи по нивната монтажа. Согласно категоризацијата на Еurogypsum* тоа е првото ниво на површинска обработка – ниво Q1**.
Тука се чекорите кои ги следевме:
Во чист сад сипеме чиста вода и во неа додаваме со просејување сува гипсена смеса FUGA, така да над смесата остане 1-2 mm вода (околу 500 ml вода на 1 kg од смесата). Чекаме сместа да узрее околу 5 мин., после кое размешуваме рачно се до постигнувањето на мазна и хомогена смеса. Откако смесата е готова можеме да пристапиме кон пополнување на фугите.
Ниво Q1 може да биде постигнето како со гипсената фуг смеса FUGA, така и со готовата за употреба смеса FUGA & FINISH.
Поставуваме доволна количина на смеса, како би се пополнил целиот спој помеѓу плочите и добро се притиснува со шпаклата, со што ќе се осигуриме дека целосно се пополнети празните простори. Ширината на пополнетите фуги треба да биде за околу 6 mm поширока од двете страни на лентата која се користи.
После првичното пополнување на фугите по нивните должини ги поставуваме лентите за фуги и притиснуваме за да истите навлезат во смесата. Порамнуваме со лесно притискање по целата должина на фугите за да го истиснеме вишокот на материјал кој е нанесен под лентата. Под лентите треба да остане смеса во дебелина од 1-2mm, кој слој е сосема доволен за цврсто и еластично армирање на фугите.
Го нанесуваме вториот потенок слој од смесата на споевите и тоа во широчина од околу 15-20mm, со што на тој начин финално ја порамнуваме фугата со останатата површина од ѕидовите.
Важни препораки:
- Користете хартиени ленти за фуги при армирањето на фабричните закосени кантови од плочите. Хартиената лента има микроперфорација и едновремено иста еластичност како плочите, што превенира да се појавуваат пукнатини по споевите во случаи кога доаѓа до поместување на подлогата.
- Користете стаклена лента кај оние фуги кои не се од фабричните кантови, каде се јавува минимална дебелина и дозволува прецизно порамнување на споевите од ѕидовите. Задолжително е да споевите кои не се фабрични да се засекуваат под агол од 45 °и тоа на 2/3 од дебелината на плочата, за да се овозможи полесно навлегување на смесата во фугата.
*Eurogypsum – Европски сојуз на гипсена индустрија и производители на гипс-картонски плочи. Разработена и утврдена категоризација во 4 нивоа на квалитетот на завршната обработка кај гипс-картонските плочи, која го ограничува субјективниот фактор при оценувањето на завршните обработки.
**Ниво Q1 е основното барање за пополнување на фугите помеѓу гипс-картонските плочи (вклучувајќи и главите од завртките) и е доволен за површини каде би се нанесувале тенкослојни декоративни обработки. Површината постигната со ниво Q1 е соодветна за керамички плочки, декоративни релјефни малтери и слични обработки, кои се со дебелина од над 2мм.