link to homepage logo

15.07.2020

Како правилно да ги фиксираме гипс-картонските плочи?

Правилниот начин за монтирање на гипс-картонските плочи започнува со поставување на мали парчиња од гипс-картонски плочи, непосредно до UW профилот, кои служат како дистанцери при монтирањето. Целта на нивното поставување е да формира работна фуга > 10mm помеѓу гипс-картонската опшивка и подот, која би претставувала линеарен прекин со носечката конструкција.

Фиксирањето на гипс-картонските плочи секогаш започнува од крајниот дел, но никогаш од средината. Шрафењето задолжително треба да започне по ободот на плочата. На тој начин главите од шрафовите треба да навлезат по 1mm под површината на плочата и да осигурува здрава врска со конструкцијата и лесно нанесување на гипсените фуги и глет маса. Исто така насоката на монтирање на плочите треба да започнува од отворениот дел на CW профилите и да продолжува во насока кон нивните затворени делови. На тој начин се одбегнува извртување или искривување на CW профилите.

Исклучително е важно никогаш да не се фиксираат плочите кон периферните UW профили, поради тоа што на тој начин се овозможува подвижна врска на преградниот ѕид и носечката конструкција, со што се одбегнуваат несакани пукања по споевите како резултат на линеарните ширења на масивната конструкција.

Изборот на соодветни завртки зависи од дебелината на металната конструкција и бројот на слоевите на гипс-картон кои би требало да се монтираат.

Кога дебелината на металните профили е под 0.7 mm, стандардните шрафови со остри врвови треба да бидат користени. За дебелини на металните профили помеѓу 0.7 ÷ 2.0 mm, потребно е да се користат саморезни шрафови.

Основното правило за определување на соодветната должина на шрафовите е да истите навлегуваат минимум 10 mm внатре во празните простори на профилите. Најлесно одредувањето на соодветни должини на шрафовите може да се види од табелата подолу: 

Табела за избор на должина на шрафови:

Дебелина на плочите Прв слој Втор слој Трет слој Четврти слој
9.5 mm 3.5 x 25 3.5 x 35    
12.5 mm 3.5 x 25 3.5 x 35 3.5 x 55 4.2 x 70
15.0 mm 3.5 x 25 3.5 x 45 3.5 x 55 4.2 x 70
2x12.5 mm + 15 mm 3.5 x 25 3.5 x 35 3.5 x 55  

 

 

 

 

 

Растојанието помеѓу шрафовите кои треба да се зашрафат зависи од бројот на слоеви на гипс-картонски плочи кои треба да се вградат. Во случај кога опшивка е од два слоја, тогаш шрафовите на првиот слој се монтираат на растојание од 50 cm, додека шрафовите на вториот слој се монтираат на секои 25 cm растојание. На овој начин би се осигурила стабилноста на секој слој од плочите кои се монтираат на ѕидовите.

Препорачани растојанија помеѓу шрафовите:

Брой слоеве Първи слой Втори слой Трети слой Четвърти слой
Еднослойна 250      
Двуслойна 500 250    
Трислойна 500 500 250  
Четирислойна 500 500 500 250