link to homepage logo

24.06.2020

Како се оформува отвор за врата со UA профили?

Во ова видео покажуваме како се оформува отвор за врата со UA профили.

Тука се чекорите за монтажа кои ги следевме:

  1. Со помош на градежен молив се црта оската на преградниот ѕид преку подот, ѕидот и плафонот.
  2. Го обележуваме габаритниот размер на отворот за вратата врз подот.
  3. Ги сечеме периферните UD профили и им ја изолираме основата со акустична лента за уште подобра звучна изолација. UD профилот на подот се пресекува на местото каде е предвиден отворот за вратата.
  4. Горниот UD профил се монтира без прекин по неговата должина. Сите периферни профили се фиксираат со помош на соодветни шрафови на носечката конструкција. 
  5. Се формира отворот на вратата со појачани UA профили, специјално проектирани за конструкции со интензивно и големо оптеретување. Врската на UA профилите со подот и плафонот се врши со помош на шрафови и прифатни винкли, кои се соодветни на ширината на користените профили. Горната прифатна винкла се остава со нецелосно зашрафени шрафови, како би се избегнала цврста врска со носечката конструкција. На тој начин се елиминира можноста за пукање на фугите при деформации на носечката конструкција од објектот од свлекување, земјотреси или смолкнување на меѓукатните плочи. Горниот профил од отворот на вратата се оформува со UW профил, специјално димензиониран со должина 2х250 mm + отворот на вратата. Горниот профил се прикачува со саморезни шрафови 4.2х13 кон UA профилите.
  6. Вертикалните CW профили се мерат, сечат и позиционираат на растојание од 600 mm, така што над горниот профил од отворот за вратата се поставува 1 вертикала за еднослојна или 2 вертикали за двослојна обвивка.
  7. Минималното растојание на вертикалните CW профили над отворот треба да биде на 150 mm од UA профилите.
  8. Прицврстете го првиот слој од опшивката со Брз шраф 3.5х25 кон основната конструкција, а во делот на UA профилите се користат Саморезни шрафови 3.5х25.
  9. Плочите околу отворот за вратата се сечат во Г форма, како би можело да се зајакнат горните агли. За монтажа на вториот слој на опшивката користиме Брз шраф 3.5х35 и Саморезен шраф 3.5х35, околу рамката на вратата.
  10. Задолжително е разминување на вертикалните фуги над отворот од вратата помеѓу одделните слоеви на преградниот ѕид.