28.02.2024
Добредојдовте во иднината со Blue Board
Иновации во сува градба
Високотехнолошкиот Blue Board претставува импресивно решение кое ја носи иднината на градежништвото во сегашноста.
Што го прави толку посебен? Иновативен дизајн: составен од армирано хидрофобно гипсено јадро со специјални адитиви, обложено со фибер-стаклена мрежа. Прочитајте на следните редови за да дознаете повеќе за карактеристиките на Blue Board и неговите примени во модерната градба.
Совршен сет на предности
Blue Board не само што не заштитува од пожар и влага, туку обезбедува и високо ниво на воздушна звучна изолација. Овој производ е внимателно дизајниран да одговори на сите предизвици и на надворешните и на внатрешните апликации. Со класификациски тип GM-DFH1IR, комбинира јадро од гипс со висока густина, отпорност на високи температури и влага, зголемена отпорност на удар и гребење, како и исклучителна издржливост и цврстина. Тоа е класа А1 за незапаливост, претворајќи го Blue Board во совршено решение за фасада, особено во висококатниците! И кога се користи во бањи, спа центри и базени, не остава шанса за влага и мувла.
Препораки за користење и системски решенија
Комбинирајте го Blue Board со останатите премиум производи од Technogips Pro за максимална еластичност и одржливост на системските решенија:
Супер премиум профили C4 или C5
Антикорозивни сврзувачки елементи C5
Рок контакт или Контакт плус камена волна
Blue Board завртка
ФУГА Хидро
Лента за споеви од стаклени влакна
Кон одржлива иднина со Blue Board
Во ерата на градежништво што брзо се развива, иновациите се клучот за успешни, одржливи проекти. Blue Board е високо технолошки/револуционерен производ вграден во изградба на иднината. Со својата мултифункционална апликација, тој е идеално решение за премиум системи за сува градба, особено за проекти со највисоки безбедносни барања. Неговата способност да ги издржи дури и најагресивните услови го прави составен дел од изградбата на иднината.
Контактирајте со нашите технички експерти за да дознаете повеќе за нашите системски решенија со Blue Board.